СОЛЕНКИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ…Многу се вкусни, рецепт за секој ден…
Рецептот за солени стапчиња го научив од свекрва ми, а сопругот и децата секогаш ме прашуваат кога пак ќе им ги направам. Толку брзо и лесно се приготвуваат што ги правам многу често. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл, чаша од 200 мл):
1 јајце
1 чајна чаша ситно сирење или урда (70 г)
1 чаша рендан кашкавал (чедар) (70 г)
1 чајна чаша млеко (120 мл)
7 – 8 гранчиња сечкан магдонос
1/2 лажичка сол или по вкус
1 лажичка чили пипер во прав/буковец
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
2,5 чаши брашно (280 г)
ПОСТАПКА:
1.Во длабок сад измешајте го јајцето, млекото, урдата и ситно сечканиот магдонос.
2.Постепено додајте го брашното, посолете по вкус, зачинете со чили пипер (или зачин по ваш избор) и прашок за печиво, па замесете средно меко тесто.
3.Покријте го тестото за да не се суши и оставете го да одмори 5-10 минути. Потоа развлечете средно дебела кора на набрашнета работна површина.
4.Исечете тенки ленти-стапчиња, но можете да правите облици и по ваш избор (квадрати, триаголници, правоаголници, кругови..)
5.Стапчињата пржете ги во загреано масло, по неколку минути додека да заруменат од двете страни.
6.Пржените стапчиња вадете ги врз хартиена салветка и послужете ги со вашиот омилен сос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.