Рецепт и видео презентација на “Да готвите лесно” – Солени сусам кекси. Овие кексички го освојуваат секој кој ќе ги проба. Пробајте ги и вие и уверете се. Ровки, крцкави и вкусни, ќе ви станат омилени. За сите љубители на сусамот, ова е вистинскиот рецепт.

Потребни состојки: 125 г маргарин или путер омекнат на собна температура, 100 мл масло, 1 жолчка од јајце, 2 лажици кисело млеко, 2 лажици лимонов сок, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 полна лажица сол, 1 лажичка шеќер, 2 чаши брашно (400 г).

За валкање ќе ви бидат потребни следните сстојки: 1 белка од јајце, малку крупна сол и 150 г пропжен сусам. Од оваа смеса излегуваат 24-27 кекси во зависност од големината. Постапка: Во еден подлабок сад ставете 125 г путер или омекнат омекнат на собна температура.

Потоа додадете 100 мл масло, една жолчка од сирово јајце и две лажици кисело млеко. Колку ожете со лажицата соединете ги состојките. Во мешавината додадете две лажици лимонов сок, 10 г прашок за печиво – една кесичка, една полна лажичка сол и една лажичка шеќер.

Промешајте и започнете постепено да додавате 400 г брашно (тоа се околу 3 чаши од 200 мл) и мешајте со лажицата за да се изедначи смесата. На крај кога ќе го додадете и остатокот од брашното, тестото замесете го со рака додека да стане нелепливо и да почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Се добива многу убаво мазно тесто, меко, а сепак нелепливо и лесно за обликување. Не мора да го оставате да се лади и да се стегне, но доколку сакате можете да го одморите тестото 10-тина минути во фрижидер пред обликување на кексите. Потоа кинете парчиња од тестото и формирајте топчиња.

Попчињата формирајте ги со валање со помош на дланките, да бидат со величина на орев или по ваша желба. Топчето боцнете го во средина со дршката на некоја дрвена или пластична лажица за да се направи дупче, а потоа уште малку со прстите обликувајте го да добие форма на прстен или ѓеврече.

Вака формираните кекси редете ги на тацна или чинија. Во длабок помал сад изматете ја белката со виљушка и додадете една лажичка сол. Сусамот (150 г) малку пропржете го во сува тава на умерен оган додека да пожолти и да замириса, а потоа оставете го да излади и да стврдне.

Формираните кекси најпрво потопувајте ги во белката од двете страни, па откако убаво ќе се натопат валкајте ги во пропжениот сусам, исто така од двете страни, убаво да се нафатат. Веднаш како ќе ги навалкате кексите редете ги во плех претходно обложен со хартија.

Кога ќе ги завршите сите кекси и ќе го наполните плехот, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 150 степени, околу 15 минути или во зависност од рерната, додека да заруменат. Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.