Солени стапчиња како од пекарница, со најдобриот прелив – овој рецепт мора да го пробате

Покрај рецептите за леб и кифли, мора да го пробате и овој фантастичен рецепт за солени стапчиња. Верувајте ми, идентични се како оние од пекарница, а сигурно и подобри.

Дали се сеќавате кога првпат се појавија солените стапчиња? Јас се сеќавам дека одев во средно училиште, а претходно имаше само леб, кифли и плетенки. Кога се појавија соленките веднаш станаа хит, не само поради добриот вкус, туку и поради преливот.

Потребни состојки:

600 г меко пченично брашно (тип 400, 450, 480, 500 или 550)
420 мл топло млеко
1 кесичка сув квасец (7 г)
1 лажица шеќер
½ лажица сол

За прелив:

Loading...

1 лажица сол
2 лажици брашно
½ лажичка сода бикарбона
вода по потреба
масло за мачкање (околу 1 лажица)

Постапка:

Во подлабок сад ставете го брашното, додадете квасец, шеќер и сол. Потоа додадете млако млеко и замесете со рака. Тестото нема потреба многу да се меси на почетокот, туку колку да се соединат состојките и да се формира меко тесто. Покријте го и оставете го на собна температура да отстои 15 минути.

Потоа тестото убаво премесете го на работна површина. Добро изработете го за да се развие подобро глутенот. Месете го тестото околу 3-4 минути додека да стане мазно и нелепливо.

Повторно вратете го во садот, покријте го и оставете го да стасува на собна температура околу 30-45 минути.

Потоа тестото поделете го на 10 еднакви делови (секое парче тежи 100 г). Потоа од секој дел формирајте топчиња, па покријте ги со проѕирна фолија да отстојат 15-тина минути. Од секое топче развлечете соленка со помош на оклагија, а потоа свиткајте со тенок и долг ваљак.

Вака формираните соленки наредете го во плех облоен со хартија и малку одозгора притиснете ги. Премачкајте ги со малку масло (околу половина лажица). Оставете ги на собна температура да стасуваат околу половина час, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

За прелив: сите состојки измешајте ги и додадете сосем малку вода колку да добиете течна и густа смеса како за палачинки.

Три минути пред крај од печењето, извадете ги соленките и со лажица нанесете го преливот. Вратете ги назад во рерна да се допечат уште три минути. Печените соленки премачкајте ги малку со масло (половина лажица масло). Прекријте ги со салветка и оставете ги малку да изладат. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...