Солени палачинки со павлака

Потребни состојки за тесто:

250-300 мл млеко

7 лажици брашно

3 јајца

3 лажици маслиново масло

малку сол

За фил:

300 г суво димено сирење

2 чашки кисела павлака

Постапка:

Јајцата пенесто измиксајте ги, потоа додадете млеко, маслиново масло, брашно и сол.

Смесата добро измешајте ја за да нема грутчиња. Половина од смесата излејте ја во помал сад.

Во преостанатата половина смеса додадете лажичка пире од домати и повторно кратко измиксајте, а смесата излејте ја друг помал сад.

Загрејте ја тавата со неколку капки масло. Било која од смесите, жолтата и црвената, излејте во тавата и печете ја палачинката од двете страни. Готовите палачинки оставете ги да изладат додека го приготвувате филот.

Сирењето изрендајте го најситно, додадете павлака и по потреба сол (по вкус). Смесата добро соединете ја.

Филувајте ги палачинките и сервирајте.

Претходна статијаОва се 7 билки кои можете да ги одгледувате во вазна без земја и полевање
Следна статијаНапиток кој го “јаде” шеќерот во крвта и го нормализира неговото ниво