Солени мини кифлички…Чудесни…Колку и да направам, никогаш не останува за следниот ден…

Го испробав рецептот на Красимира Паничкова и кифличките се навистина повеќе од одлични! Вкусни, мирисни и следниот ден…ако нешто ви остане скриено во кутија…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 г рендан кашкавал
100 г рендано сирење
1/2 лажичка прашок за печиво
1 1/2 чаша брашно (чаша од 200 мл)
50 г растопен путер/маргарин или маст
150 г кисело млеко

ПОСТАПКА:

Измешајте ги сирењето и урдата, додајте путер, кисело млеко помешано со прашок за печиво и на крај брашното. Замесете меко тесто кое лесно се обликува.

Можете да го оставите во фрижидер 2 часа, а можете и веднаш да го работите. Поделете го на 2 дела.

Од секој дел развлечете тркалезна кора. Исечете ја на 16 триаголници. Свиткахте 32 кифлички и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Одозгора премачкајте ги со јајце и печете ги 20-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Фото и рецепт на Валентина Џамбазова.