СОЛЕНИ МАФИНИ за половина час – идеален рецепт за оброк набрзина

Потребни состојки:

2 чаши брашно

1 чаша јогурт

½ чаша масло

3 јајца

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

200 г фета сирење

Шунка или сланина по желба

Постапка:

Јајцата изматете ги со масло и со јогурт. Додадете сол и просеано брашно, па смесата изматете ја со виљушка.

Сирењето издробете го, додадете го во тестото и промешајте.

Полнете ги намастените калапи или корпички за мафини и печете ги во загреана рерна на 200 степени 20 минути.