Оваа билка е неверојатно добра во лекувањето на астма и ревматизам, а може да ја подобри циркулацијата и дигестијата.

Сите делови од целерот се здрави и може да се користат од коренот до листовите. Тој е богат со магнезиум, витамин К, влакна, а поради големата количина на витамин Ц може успешно да излекува грип и симптоми на настинка.

Се препорачува да правите супа од целер и редовно да го јадете додека имате грип или настинка.

Целерот стимулира размена на супстанции во целото тело. Исто така, тој е преполн со масла, витамини и минерали. Коренот содржи масла, шеќер, пентосан, масти, аспарагин, тирозин и така натаму.

Поради своето диуретско влијание, целерот може да се користи за лекување на ревматизмот, гихтот, за болки во зглобови, бубрези и уринарни канали, камења и песок во бубрезите, иритации на уринарниот тракт, целулит и дебелина, астма, иритација на белите дробови, нервни заболувања.

Покрај тоа, поттикнува исфрлање на вишок течности од организмот, па поради тоа е корисен и за кардиоваскуларни заболувања. Целерот го регулира високиот крвен притисок и може да ги отстрани токсините од телото.

Одличен е за црниот дроб и заболувања на жолчното кесе. Бидејќи може да го регулира крвниот притисок, исто така, се препорачува и за лица кои патат од дијабетес.

Значи, генерално гледано, целерот успешно ја лекува астмата, реумата и болести на бубрезите. Го смирува нервниот систем, ја зголемува циркулацијата и ја чисти уретрата. Исто така ја подобрува крвта.

СОК ОД ЦЕЛЕР

Потребни состојки:

1 корен од целер со лист
3 моркови
1 цвекло
1 пашканат

Постапка:

Потребно е да исчистите, излупите и изрендате корен од еден целер, три моркови, цвекло и еден пашканат.

Додадете 2 литри зовриена вода, поклопете и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете, а сокот пијте го на празен стомак.