Сокот од чувар куќа лекува желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, подобрува имунитет

Истражувањата покажале дека оваа билка содржи органски киселини, флавоноиди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство.

Билката Чувар куќа е позната како силно средство за лекување на многу болести.

Не само за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво… се користи за лекување на нашиот организам и одвнатре и однадвор.

Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

180 г лист од чувар куќа
500 г мед
200 мл цеден сок од лимон

ПОСТАПКА:

Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо.

Додадете мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додадете во смесата и уште еднаш промешајте.

Ќе добиете полутечна смеса.
Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија.

Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк.

ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ ЗА СЕКОЈ ДЕН

Изблендирајте 10-тина листови свежо набрани и растворете ги со едначаша вода. Сокот се пие на гладно, пред оброк.

Претходна статијаЛек за опуштени вени, хемороиди, дијареа, целулит и отоци
Следна статијаФАНУРОПИТА: Погача која се прави на 9 септември, се замислува желба и се носи во црква