“Дивиот костен пред се’ се употребува како лек на венозниот систем. Од него се прават масти против изгореници од сонце, чај кој помага против маларија, нервоза, хемороиди, пролив, кашлица.”

Од дивиот костен се собираат пупките и цветовите, плодот и кората од младите гранки.

СОДРЖИ:

Пупките содржат ескулин, цветовите танин и кверцитин, а плодот нишесте, белковини, ескулин, стерол, витамини П, Б1, Ц и К, минерални соли.

Сапонинот што го содржи кората од гранките и плодот, лечи од кожни болести, ја разредува крвта и ја прави помалку леплива.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Дивиот костен пред се’ се употребува како лек на венозниот систем. Од него се прават масти против изгореници од сонце, чај кој помага против маларија, нервоза, хемороиди, пролив, кашлица.

РАКИЈА ЗА МАЧКАЊЕ НА ОПУШТЕНИ ВЕНИ

Се засекуваат 20-40 плодови од див костен, како крст и се прелеваат со 1 литар појака домашна ракија. Се чуваат затворени во тегла точно 40 дена. Од време на време треба да се промешуваат со дрвена лажица.

По 40 дена се процедува низ газа и ракијата се чува затворена во чисто шише. Пред употреба, шишето треба да се протресе, за да се измеша талогот.

Се мачкаат опуштените вени со површинско протривање, но не смеат да се масираат! При тоа ракијата се претвора во бела сапуница и за кратко се впива во кожата.

Вените се мачкаат неколку пати дневно. Оваа ракија може да се користи и за мачкање на болни и отечени нозе и за лекување на целулит.

ЕКСТРАТ ОД ДИВ КОСТЕН

(1)   4-5 плода од див костен се рендаат и се поливаат со 1 литар ладен коњак. Шишето се остава да стои 6-8 недели па потоа се процедува.

Овој екстрат се пие во капки за лечење вени и крвоток, проширени вени на нозете, тромбофлебит. Витаминот П што го содржи ја зголемува отпорноста на капиларите.

(2)   На 12-15 цвета и свеж изрендан костен се става 250 мл топол коњак и се размешува. Кога ќе се излади се процедува. Се зема во капки и се пие 3 пати на ден по 15-20 капки во вода или на коцка шеќер.

МАСТ ОД ДИВ КОСТЕН

20 г екстрат од див костен (погоре) и 60 г малку загреан ланолин (од аптека) се мешаат убаво со дврена лажица за да се спојат. Се мачкаат вените а потоа се завиткуваат со завој.

При подготовка на препарати од див костен, материјалот не смее да биде во допир со железо или лим. Може да се прават во емајлирани, стаклени или порцелански садови.

ПРОТИВ ПРОЛИВ: Се ренда половина костен и се меша со една чаша црно вино или кафе.

ПРОТИВ ДИЗЕНТЕРИЈА: Чај од 30 г кора во 1 литар вода.

ПРОТИВ РЕУМА: Во еднакви делови да се измешаат кора од млади гранки, лушпа од ореви и врба. Од смесата се земаат 2 супени лажици и се варат во половина литар вода. Течноста треба да отстои 10 минути, се процедува и се пие наутро и навечер по една мала чашка.

Рецепт за чистење на крвта и елиминација на тромбови

Рецепт од 12.век од прочуената германска лекарка Хилдегард вон Биген:

Земете една гранка со крупни цветови од див костен, искинете ги само цветовите и ставете ги во сад со 1 литар зовриена вода. Оставете да отстои 30 минути. Процедете.

Цела оваа количина треба да ја испиете во текот на денот, во мали голтки.