Сок од морков и јаболко, без конзерванси. Чаша полна здравје! Витамински сок од јаболка и моркови, 100 % природен и без конзерванси. Се подготвува исклучително брзо и лесно, а за дечињата е одличен, бидејќи е домашен и многу вкусен.
Ако се спремате да прославувате детски роденден или каква било друга прослава, подобро е гостите да ги послужите со ваков сок отколку со некој од купечките кои се преполни со адитиви и разни збогатувачи на вкусови. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг јаболко, 500 г моркови, 600 г шеќер, 2 лимони (или 2 кесички лимонтус) и 4,5 литри ладна вода. Од оваа количина се добиваат 6 литри сок.
Откако ќе се сладира во шишиња, се превртува наопаку, се покрива со ќебе на ладно место и се става во фрижидер. Овие 6 литри ги испивме за 5 дена, но сигурна сум дека овој сок може да трае многу подолго.
ПОСТАПКА: Јаболката излупете ги и исчистете ги од семето, па исечете ги на парчиња и ставете ги во тенџере. Залијте ги со 1 литар вода и гответе ги на умерена температура додека да омекнат.
Морковите исто така излупете ги и исечете ги на тркалца, па ставете ги во посебно тенџере и залијте ги со половина литар вода. Варете ги, исто така додека да омекнат. Потоа изблендирајте ги јаболката и морковите и сипете ги во поголемо тенџере.
Додајте го шеќерот по желба, а доколку сакате, не додавајте воопшто шеќер (тоа зависи од вас и вашиот вкус, а секако, може да додадете и некоја поздрава замена, засладувач по ваш избор).
Во тенџерето додајте 4.5 литри вода. Промешајте добро и загревајте на рингла додека да зоврие. Потоа гответе уште 25 минути со повремено промешување. на крај додајте две кесички лимонтус или сок од два лимони.
Стаклените шишиња загрејте ги во рерна на 80 степени. Полнете го топлиот сок во топлите шишиња, затворете ги и превртете ги за да се вакумираат. Покријте и оставете да се олади. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Домашен сок од моркови и јаболка, многу вкусен и здрав, без штетни додатоци“ – ОВДЕ.
Домашен сок од моркови и јаболка, многу вкусен и здрав, без штетни додатоци