Домашен сок од лимон и коприва, вистински благодет за организмот. Овој сок е многу лековит доколку се подготвува без шеќер, конзерванси и адитиви. Но, затоа во сокот може да додадете по желба портокал, цитрон, ливадски мед за уште подобар вкус и засилен природен лек.

Овој сок освен што ќе ве освежи и ќе ви даде енергија во текот на целиот ден, ја лечи кр-вната слика и анемија и го зајакнува имунитетот. Интересно е што овој сок може да го подготвите на различни начини, а ние ќе ви ги откриеме сите.

Копривата се смета за една од најлековитите билки во светот. Кај нас се користи во голема мера, а нејзините лековити својства се познати уште од дамнешни времиња. Уште од порано се верувало дека оној кој ќе се изжурка на коприва, никогаш повеќе нема да има болка на тоа место.

Сите делови на копривата (Urtica Dioica) се многу лековити почнувајќи од стебленцето па сè до листовите, коренот и цветот. Оваа лековита билка се бере во пролет, но може и во есен додека е сè уште топло.

Растението расте до 20 цм, а штом се постигне оваа висина треба веднаш да се бере бидејќи тогаш листовите се најквалитетни и имаат најголеми лековити својства. Билката расте најчесто на запуштени места, на планини, покрај пат или ограда. За жал, многумина сè уште не ја препознаваат оваа билка и ја третираат како плевел, не знаејќи ги нејзините лековити својства.

Копривата се користи како народен лек уште од дамнешни времиња. Била познат лек на нашите баби за прочистување на кр-вта, лекување на уринарните инфекции, спречува настанување на песок и камен во бубрезите, ја подобрува работата на цревата.

Доколку секојдневно пиете сок од коприва и лимон ќе имате редовна столица, а за оние кои патат од анемија сокот од коприва е вистински благодет, бидејќи значително ја подобрува кр-вната слика по само 2 недели консумирање. Копривата има антивоспалително и аналгетско дејство и го лекува хроничниот замор.

Копривата е познат лек за лекување на болните зглобови, особено кај оние кои патат од остеоартрисис. Исто така, копривата го зајакнува капацитетот на белите дробови, а мевлемот од коприва го лекува бронхитот, го намалува шеќерот во кр-вта и го лечи панкреасот.

Маслото од коприва го намалува обилното кр-вавење за време на менструалните циклуси и кр-вавењето од носот. Исто така, ова масло е ефикасно против чир на дебелото црево, а чајот од коприва се препорачува за лекување на простата кај мажите.

Доколку ви е потребно пролетно чистење на организмот и зајакнување на имунитетот, копривата е вистинскиот избор за вас. Лековитата бања од коприва го лекува гихтот, ќе ја омекне вашата кожа, а вишокот мр-тва кожа на стапалата може лесно да го отстраните со природен пилинг од коприва.

За да направите лековита бања од коприва, потребни ви се 200 г листови од коприва кои треба да ги ставите во претходно наполнетата када со топла вода, а потоа само да влезете во кадата и да се опуштите некое време.

Сок од коприва и лимон

Во поголем сад ставете ги листовите од коприва. Потоа прелијте ги листовите со еден литар зовриена вода и поклопете го садот и оставете да отстои најмалку 4-5 часа. Уште подобра варијанта е ова да го направите навечер, а утредента да ја процедите течноста во друг сад.

Во добиената течност, исцедете сок од еден лимон без семки. Може да додадете 1 лажичка ливадски мед за уште подобар вкус и зголемени лековити својства. Една чаша од свежо подготвениот сок е идеално да ја испиете веднаш по подготовката, а втората чаша испијте ја 2 часа пред легнување.

Сокот е потребно да се испие за помалку од 24 часа бидејќи после еден ден ги губи лековитите својства и ферментира. Подготвениот сок испијте го во еден ден, а веќе следниот ден направете нова тура.

Овој сок може да го комбинирате со цитрус или други агруми по желба, иако и вака е многу вкусен и лековит. Доколку немате време секојдневно да го правите овој сок од коприва, тогаш идеалното решение за вас е да направите сируп од коприва кој може да стои до неколку дена.

Но, во сирупот од коприва се става лимонтус и шеќер, така што овој напиток не е подеднакво здрав како претходно споменатиот свеж сок. Подобра алтернатива е шеќерот да го замените со мед.

Сок од коприва и нане без конзерванси

Потребни состојки: 40 листови млада коприва, 40 листови нане, 1 литар вода, сок од 2 лимони, домашен мед по желба.

Постапка: Најпрво во тенџере ставете еден литар вода да зоврие. Потоа додајте ги листовите од коприва и нане и гответе уште 1-2 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да отстои поклопено најмалку 12 часа со повремено промешување.

По изминатото време, исцедете ги двата лимони во течноста и процедете ја пред консумирање. По вкус, додајте мед. Овој сок има може да го чувате најмногу 2 дена, а консумирајте секојдневно по 1-2 чаши распоредени во текот на денот.

Чај од коприва

Во 200 мл зовриена вода, додајте неколку суви листови коприва. Тргнете го чајот од оган, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете го чајот и додајте половина лажичка ливадски мед по желба. Терапијата со овој чај се пие 28 дена, а потоа се прави пауза.

Чајот од коприва е безбеден да го консумираат трудници и доилки бидејќи ја поттикнува лактацијата, помага при обилни кр-вавења и ја регулира тврдата столица. Иако копривата е одличен лек за женското здравје, консултирајте се со вашиот лекар пред да започнете со редовно консумирање на чајот.

Чајот не се препорачува за оние кои користат антикоагулантни лекови против згрутчување на кр-вта, а оние кои патат од дијабетес тип 2 треба да бидат претпазливи при консумирање на коприва. Деталите од рецептите погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Марина Христовска