Само три намирници и ете колач.. многу брзо се приготвува и не се пече долго, доволни се 35 минути, а брзо се лади, исто така… Без брашно и прашок и печиво, сочен и вкусен, вистинско задоволство за сите љубители на оревот. Ако ви се допаѓа, пробајте го колачот и споделете ги впечатоците – Бригита Хусиќ.

За овој колач ќе ви биде потребен калап од 22 см и следниве три состојки: 340 г мелени ореви, 6 лажици шеќер и 4 јајца. По желба кој сака, во тестото може да додаде и малку цимет или рум за вкус. Исто така, може да се премачка со џем или да се прелие со чоколадна глазура.

ПОСТАПКА: Во посебни садови одделете ги белките и жолчките. Во жолчките ставете шест лажици шеќер. Најпрво белките пенасто изматете ги додека да добиете цврст снег. Тргнете ги на страна, а потоа изматете ги жолчките заедно со шеќерот, додека да побелат и да станат кремасти.

Во изматените жолчки додајте ги оревите и измешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи смесата. Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 160 степени со вентилатор.

Во смесата од жолчки и ореви (која ќе стане како ровко тесто со конзистенција на влажен песок), додајте го снегот од белки и промешајте со превртување на лажицата додека да се изедначат состојките.

Калап за торти со пречник од 22 см обложете го со хартија за печење, па рамномерно распоредете ја смесата, малку потчукнете го калапот и израмнете ја поврпината, па ставете да се пече во загреаната рерна.

Колачот се пече 35 минути, но секако мора да се провери со чепкалка дали е готов, па доколку чепкалката излезе сува, значи дека колачот е добро испечен. Печениот колач кога ќе се олади одозгора наросете го со шеќер во прав.

Колачот е многу вкусен и декоративен ако се подготви на следниот начин: смесата да се подели на три дела, па да се испечат три потенки кори (или две) и да се филуваат со чоколаден крем.

Колачот навистина е фантазија, не одзема многу време за подготовка, има богат вкус, преубаво мириса, па можете да го приготвувате за секој ден, но и да го декорирате со шлаг или чоколадна глазура, па да го послужите и за свечени пригоди.

Сите детали од постапката и презентацијата на Бригита Хусиќ можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Совет: доколку колачот го печете во обична рерна (горен и долен грејач), тогаш печете го на 170-180 минути околу 25 минути. Оние што се на Кето или дијабетичари, наместо шеќер можат да употребат стевија.