Сочен колач со вкус на баклава – брзо се прави и брзо се јаде

Овој навистина одличен рецепт ни го претстави нашата драга членка Билјана Димова во групата НМД рецепти. Превкусниот парен колач го испроба и нашата драга членка Валентина Младеновска, а резултатите можете да ги погледнете во приложените фотографии.

Потребни состојки:

250 мл вода
500 мл масло
1 кг брашно
1 прашок за печиво
1 лимон – рендана кора

Фил:

Loading...

100 мл вода
25 супени лажици мелени ореви
5 лажици шеќер
2 лажици какао

за шербет:

800 мл вода
800 г шеќер

Постапка:

Водата и маслото се ставаат на оган да зоврие. Тенџерето се трга на страна, па се додава 1 кг брашно помешано со 1 кесичка прашок за печиво. Се меша постојано додека брашното убаво да се впие и на крај во тестото се ренда кора од еден лимон. Убаво се промешува тестото и се дели на пет еднакви делови.

Од секој дел се расукува правоаголна кора со должина на плехот во кој ќе се печат ролатите. Се филува и витка како ролат.

За фил: 100 мл се става на оган да зоврие, па се попаруваат 25 лажици мелени ореви. Се додава 5 лажици шеќер и 2 лажици какао, па убаво се меша додека смесата да се изедначи. Добиената смеса се дели на 5 еднакви делови, за да се распореди рамномерно за 5 ролати. Ролатите се сечат на парчиња со големина по ваша желба.

Се пече во претходно загреана рерна додека убаво да заруменат. Печениот колач се остава убаво да излади, а потоа се полева се врел шербет (800 мл вода и 800 г шеќер се варат неколку минути додека убаво да се растопи шеќерот).

Фото: Билјана Димова

Фото: Валентина Младеновска

Loading...