Речиси и да нема човек кој не ужива во вкусот на еклерите, особено кога се приготвени според најдобриот рецепт.

Потребни состојки:

200 мл вода
100 мл масло
1 прстофат сол
90 г брашно
4 јајца

за крем:

800 мл млеко
4 супени лажици нишесте (густин)
4 супени лажици брашно
1 жолчка
8 г ванилин шеќер или екстракт од ванила
150 г шеќер
80 г путер
200 мл слатка павлака
200 г чоколадо
100 г бело чоколадо

Постапка:

Во еден сад на оган ставете 200 мл вода, 100 мл масло и прстофат сол. Кога ќе започне да врие, додадете го брашното и брзо промешајте. Гответе 5 минути додека брашното да се впие.

Добиеното тесто префрлете го во друг сад и оставете го да се кади 20 минути. Потоа едно по едно додавајте 4 јајца и матете со миксер. Следното јајце додадете го кога претходното ќе биде целосно впиено во тестото.

Кога убаво ќе го измесите тестото префлете го во специјална кеса за истиснување (или шприц за тулумби) и истиснувајте ги еклерите врз плех обложен со хартија, со големина по ваша желба. (Во видеото излегуваат 17 парчиња).

Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Додека се печат еклерите не смее да се отвора вратата од рерната.

За крем: Во млекото додадете 4 лажици густин, 4 лажици брашно 1 жолчка 1 кесичка ванилин шеќер и 150 г шеќер. Измешајте убаво и ставете на оган, па сварете го кремот со постојано мешање додека да згусне.

На крај додадете и 80 г путер и префлете го кремот во друг сад за матење. Додадете 200 мл слатка павлака и изматете со миксер за да се соединат. Матете околу 3 минути и оставете на страна да излади, околу 10 минути.

Со кремот полнете ги печените и изладени колачи, а одозгора прелијте со топено чоколадо. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: