Сочен колач – се пече само 11 минути а за пократко се приготвува

Потребни состојки:

250 г путер

300 г шеќер

6 јајца

1 ванилин шеќер

3-5 капки екстракт од ванила

130 г брашно

250 г темно чоколадо 60-70% какао

Постапка:

1.Путерот пенесто изматете го со шеќер, додадете 6 јајца (не го одвојувајте, цели), миксајте, па додадете ванилин шеќер, брашно и растопено чоколадо за готвење.

Добро намастете и побрашнете калапи за soufflе, со лажица полнете ги со смесата и печете ги на 200 степени точно 11 минути во претходно загреана рерна.

Ако имате метални калапи за мафини, намалете го времето на печење на 9 или 10 минути.

3.Кога се печени оставете ги во калапот точно 2 минути на решетката, а потоа внимателно со нож одвојте ја смесата од ѕидовите на калапот, па веднаш послужете во десертна чинија.

*По желба во смесата можете да додадете ликер или лажица мелени ореви.

Послужете со топка сладолед од ванила, некое овошје или шлаг крем. Ако немате калапи за мафини, употребете керамички шолји за кафе или мали теглички. Важно е да знаете дека металните калапи малку побрзо печат, па затоа се крати времето на печење, за разлика од керамичките.