Сочен, кремаст колач, сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

3 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици масло
8 лажици млеко
8 лажици брашно
1 лажица какао во прав
1 прашок за печиво

За прелив:

250 мл млеко
250 мл вода
8 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

за декорација:

2 кесички шлаг крем од чоколадо, приготвени според упатството

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и какаото, а потоа заедно просејте го.

Белките изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот, а потоа додавајте една по една жолчка и уште кратко матете. Потоа исклучете го миксерот.

Со лажица постепено додавајте масло, а потоа брашното измешано со какао и прашок за печиво. Мешајте полека со превртување на смесата, додека да се добие изедначена смеса.

Добиената смеса излејте ја рамномерно во плех со величина 35х20 см, претходно намастен со маргарин или путер и набрашнет.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. За тоа време пригответе го преливот.

Во едно тенџере додадете млеко, вода, шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе зоврие варете уште 1-2 минути, колку да се растопи шеќерот.

Печениот колач извадете го од рерна и прелијте го со врелиот сируп. Потоа оставете го да излади.

Шлаг кремот од кесички изматете го според упатството, па декорирајте го изладениот колач. Одозгора можете да наросите рендано чоколадо.

Оставете го во фрижидер убаво да излади, а потоа сечете го на коцки и послужете.

Recepti.com