Фотографија и рецепт на Вера Черфељ. За мерење се користи чаша од 200 мл

Потребни состојки: 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша кокос, 1 ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво

За глазура: 200 г млечно чоколадо, 3 лажици масло

Постапка: Млекото и јогуртот се мешаат со две чаши шеќер и 1 ванилин шеќер. Се остава 10-тина минути додека шеќерот целосно да се растопи. Потоа додадете масло, кокосово брашно и прашок за печиво, па сето убаво промешајте го додека да се изедначи и соедини.

Добиената смеса излејте ја во намастен плех со средна величина и печете 30 минути на 200 степени и уште 10 минути на 150 степени. Печениот колач оставете го настрана да излади, па прелијте го со глазура.

Глазура: чоколадото растопете го на пареа, па додадете му масло, убаво промешајте и оставете малку да излади. Подизладената глазура (да не е врела, а сепак течна) прелијте преку изладениот колач, па одозгора наросете со кокос.

Колач од кокос (Фото и рецепт: Вера Черфељ)

Колач од кокос (Фотографија и рецепт на Вера Черфељ)