Погачици на мој начин, често ги правам, сите ги сакаат

Фото и рецепт: Вера Черфељ

Потребни состојки:

500 г сирење
250 г путер или маргарин
500 г брашно, јас ставив уште малку
1 јајце
½ прашок за печиво

Постапка:

Сирењето ситно изрендајте го, путерот на собна температура изматете го пенасто, па додадете му ги една по една сите состојки и замесете убаво тесто.

Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да одмори во фрижидер, најмалку еден час.

Погачици на мој начин (Фото и рецепт: Вера Черфељ)

Потоа тестото развлечете го во правоаголна кора, а кората префрлете ја на превртена тепсија. Уште малку развлечете со оклагија.

Одозгора притиснете со решетката од рерна, така да добиете прво надолжни линии, а потоа и коцки, па со остар нож полека исечете ги коцкичките.

Погачици на мој начин (Фото и рецепт: Вера Черфељ)

Одозгора премачкајте со жолчка, наросете со сусам и ставете на печење во загреана рерна на 200 степени, кратко време додека да заруменат малку.

Погачици на мој начин (Фото и рецепт: Вера Черфељ)

Погачици на мој начин (Фото и рецепт: Вера Черфељ)

Сличен рецепт за погачици од три состојки можете да погледнете на следното видео:

Претходна статијаСочен колач од кокос, мерки на чаша, многу брз и едноставен
Следна статијаЛадна салата со пилешки стек и кикирики, веднаш се изедува од што е вкусна