Сочен и кремаст колач ист како од слаткарница – се топи во уста

Вкусен колач кој се топи во уста. Рецептот ни го испрати нашата драга Амина Хусиќ за кој таа има приготвено и видео во кое е објаснета целата постапка.

Потребни состојки:

4 јајца
4 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици вода
50 мл масло
1 лажица какао
1 прашок за печиво
250 мл кафе или чоколадно млеко

за жолт крем од ванила:

4 жолчки
1 лажица шеќер
300 мл млеко
5 лажици брашно
100 г маргарин/путер
3 лажици шеќер во прав
2 ванилин шеќер

за бел дел:

4 белки
7 лажици шеќер
4 лажици вода

за глазура:

Loading...

100 г чоколадо
3 лажици масло

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Плех со величина 30х20 см обложете го со хартија за печење. За кора ви се потребни 4 јајца од кои се одвојуваат белките и жолчките.

Во жолчките додадете 4 лажици шеќер и се матат со миксер додека смесата да побели. Потоа се додаваат2 лажици вода, па се мати уште една минута и потоа 50 мл масло и се мати уште минута-две.

Во смесата од жолчки се додава просеани 5 лажици брашно, 1 супена лажица какако и 1 прашок за печиво. Повторно се мати со миксер додека да се изедначи смесата.

Белките изматете ги во цврст снег, па соединете ги со смесата од жолчки. Мешајте со лажица и откако ќе се соедини, смесата се излева во приготвениот плех. Печете во загреана рерна на 200 степени и веднаш намалете на 180 степени.

Печената кора пресечете ја на половина за да добиете две кори. Корите прелијте ги со изладено кафе, секоја со по 125 мл (топла кора со ладно кафе, се полева лажица по лажица).

За жолт крем: Во четири жолчки додадете една лажица шеќер и изматете со миксер. Потоа додадете просеани 5 лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер и убаво промешајте за да се соединат. Додадете малку млеко од вкупно 300 мл, а остатокот ставете го на оган да зоврие.

Потоа сварете го кремот исто како пудинг со постојано мешање додека да згусне. Се готви на пареа или на многу тивок оган. Сварениот крем покријте го со проѕирна фолија и оставете да излади. Потоа изматете 100 г путер со 3 лажици шеќер во прав и соединете го со кремот.

Кремот нанесете го врз првата кора, па одозгора поклопете со втората кора.

За бел крем: Водата и шеќерот ставете ги да се варат додека да се стопи шеќерот и да врие 2 минути. Белките се матат во цврст снег, а потоа во тенок млаз се додава врелиот сируп. Се мати постојано со миксер додека се додава сирупот. Сјајниот бел крем се нанесува врз втората кора и колачот се става во фрижидер да излади.

За глазура: Чоколадото со маслото се растопува на многу тивок тивок и се полева врз колачот.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...