Станува збор за старински рецепт од кој ќе ви дојде убаво на дyшата. Нашите баби го нарекуваа пудинг од ориз, а толку е лесно и вкусно што може да го јадат и бебиња. Кашест пудинг, нема поубаво нешто што ќе ве потсети на старите денови, а сопругата е заслужна за евоцирање на овој вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 850 мл полномасно млеко, 180 г бел ориз, 400 мл кондензирано млеко, 1 морско оревче, 40 г шеќер, 25 г путер и уште малку за премачкување на садот.




ПОСТАПКА: десертот се прави многу едноставно, а потоа се пече малку подолго време. Во еден огноотпорен сад премачкајте ја површината со коцка путер, отстојан на собна температура, па излејте го оризот и опфатете го низ целото дно.




Потоа одозгора додајте го шеќерот, па прелијте го полномасното млеко. Додајте го кондензираното млеко и изрендајте на крајот со морско оревче. Кондензирано млеко може да направите сами според рецептот ОВДЕ. Тоа е нешто слично како пудинг.




Ставете на печење во претходно загреана рерна на 150 степени и печете вкупно 2-2 и пол часа или 135 минути. По 45 минути до 1 час печење, малку измешајте ја смесата со лажица и продолжете да печете на истата температура. Притоа не ја отворајте вратичката од рерната по мешањето на смесата.




Кога десертот ќе се испече, внимателно извадете го од рерна и почекајте малку да се олади пред да го послужите во чинија. Многу е вкусно и на старите гурмани сигурно ќе им се допадне. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт:

(втор рецепт) Сутлијаш со чоколадо, брз рецепт, едноставен и неодолив, ваков сутлијаш досега не сте пробале. Покрај оригиналниот сутлијаш кој се прави со 1 ќесичка ванилин шеќер, старите домаќинки малку го измениле рецептот со додавање на пудинг од ванила.

Секако, новите домаќинки не останаа воздржани, па од нив излезе еден нов рецепт за сутлијаш со чоколадо. Кој пробал знае колку е вкусен, а сутлијашот се подготвувал уште многу одамна, бидејќи бил најевтиниот десерт.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г ориз, 200 мл млеко, 1 чоколадо, 7 лажици бел и кафен шеќер, 1/2 пудинг од ванила или чоколадо, 1 литар вода или сојно млеко, ситно сечкани бадеми, ореви или рендано чоколадо за одозгора.

Сите состојки се произволни, така што може количината да ја определите според ваш вкус. ПОСТАПКА: Оризот измијте го во неколку води, па префрлете го во тенџере, заедно со водата за да се свари, исто како во претходниот рецепт.




По 10 минути варење, или откога водата ќе ја снема, додајте го шеќерот и промешајте за да се растопи. Во друг сад измешајте ја ќесичката пудинг со малку млеко и промешајте за да нема грутки.




Во оризот додајте го чоколадото, скршено на неколку коцки, и промешајте до растопување. На крајот се додава растопениот пудинг со постојано мешање додека да згусне. Бидете внимателни да не ви загори, а потоа тргнете од рингла и оставете малку да подизлади пред послужување. Одозгора декорирајте по ваша желба.