Трупката (Raphanus sativus-Cruciferae) е градинесто растение со подземен плод кој е тркалезен и со темна или светла надворешна кора.

Содржи: калиум, натриум, магнезиум, витамини, непросин, рафанол, сумпорен хетерозид од кој го добива мирисот и лутината.

Се употребува како салата во исхраната, но и за лекување. Секогаш треба да се употребува свежо изрендана трупка, затоа што од стоењето ја губи лековитоста.

Трупката се препорачува да се јаде кога ќе се појави некоја епидемија на заразни болести.

ПРОТИВ КАМЕН ВО ЖОЛЧКАТА се пие два месеци наутро пред јадење свеж сок од трупка на овој начин:

-првиот ден една мала ракиена чашка

-вториот ден две чашки

-третиот ден три чашки

-четвртиот ден четири ракиени чашки, а потоа се намалува дозата, т.е.

-петиот ден три чашки

-шестиот ден две чашки

-седмиот ден една чашка.

Се прави пауза од осум дена, па повторно се употребува на истиот начин.