Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло.
Потребни состојки:
500 мл пиво
150 г шеќер
Малку суво нане или кесичка чај
Постапка:
Шеќерот ставете го на оган да се растопи и карамелизира.
Кога шеќерот ќе се растопи се додава пивото, па на тивок оган се готви околу 45 минути додека пивото да испари и да остане само сирупот.
На страна правите малку чај од нане, па кога сирупот е пред крај (5-10 мин пред крај, кога ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња), го додавате и заедно ги промешувате.
Готовиот сируп тргнете го од оган (добивате околу 250 мл сируп) да се излади па складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.
<
Се консумира по потреба.
Деталите погледнете ги во видеото:




































