Sидовите иако ни се чинат како површина која секогаш е чиста и на која најмалку и посветуваме внимание, сепак со текот на времето тие попримаат разни мириси и нечистотија.




Во зависност од степенот и интезитетот на апсорбираната нечистотија, потребно е да се направи дезинфекција на ѕидовите и таванот, преку варосување кое се применува на неколку години.




Пред започување со варосувањето, потребно е да се „измие“ целата површина која ќе се третира за да се отстранат сите физички нечистотии, а потоа да се истретираат со специјални средства местата на кои се сомневате дека се појавува влага.




Ако сте планирале да варосувате оваа година, најдобро би било да причекате да се стабилизираат температурите, но би можеле да го испробате и овој едноставен трик од кој беа воодушевени 9 милиони читатели.




Овој генијален метод го сподели една мајка на ТикТок, па откако ќе го прочитате, веројатно ќе размислите и вие да го испробате, како што веднаш го испробаа голем број луѓе.




Ако дома имате деца, особено на возраст до 6 години кои сакаат своите уметнички способности да ги изразуваат на чистите ѕидови, овој брилијатен метод ќе ве воодушеви.




Колку и да водите сметка за хигиената на домот, чистите и перете, сепак неминовно е ѕидовите да ви се извалкаат. Она што е најдобро во целиот третман кој го сподели оваа жена, е тоа што освен што ќе се исчистат ѕидовите, тие исто така, ќе мирисаат прекрасно.




Од состојките кои ви се потребни, веќе ги имате дома. Трикот кој ги воодушеви милиони читатели, го сподели извесна Тања која на ТикТок се претставува како „пасионирана љубителка на чистењето“.




Таа за своите следбеници, кои патем ги има во огромен број, им рече: „Еве ви едно видео, за кое сум сигурна дека би сакале да сте го виделе многу порано“, а потоа истото се потврди и во бројните коментари.




Во еден поголем сад таа стави вода и измеша сода бикарбона и поголема количина средство за дезинфекција. Малку ги размеша состојките и во течноста го натопи валјакот за варосување.




Малку го исцеди, а потоа со него ги „пребриша“ ѕидовите. Ефектот беше видлив и со само едно поминување, без рибање. Инаку, сода бикарбоната често се користи за чистење, бидејќи претставува абразивно средство и ги избелува површините.

„Би можела да зап лачам. Sидовите постојано ги бришам и чистам со крпа. Ова е генијално“, коментираше една од нејзините следбенички. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ. А повеќе генијални идеи можете да погледнете ОВДЕ.