Драги мои дами, домаќини и домаќинки, денес на децата им направив кифлички со домашен џем од кајсии, бидејќи такви многу ги сакаат. Истиот рецепт може да се употреби за слатки и за солени кифли.




Не стигнав ниту да ги наросам со шеќер во прав одозгора, кога првиот плех за минута се испразни. Ми рекоа дека најубави им биле топли и без шеќер во прав, само со џем внатре… – Верица Булатовиќ.




Рецептот за првпат го испроба и Мара Стјепановиќ-Шокиќ и беше воодушевена. „Кифличките излегоа и подобри од што очекував, топло ги препорачувам секој да си ги направи“, рече таа.




Потребни состојки: околу 1 кг брашно, 300 мл млако млеко, 2 јајца, 200 мл јогурт, 200 мл масло, 1 свеж квасец (или 1 супена лажица сув квасец), 2 лажици шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 1 прстофат сол (за солени кифли ставете 1 лажица сол). И уште: околу 100 г растопен путер




Постапка: во млако млеко ставете две лажици шеќер и изронете ја коцката свеж квасец (40 г) или една супена лажица сув квасец. промешајте добро да се раствори и оставете на топло место 10-тина минути за да се активира.




Во поголем и подлабок сад за месење додајте просеано брашно, помалку од еден килограм, а подоцна ќе додадете по потреба. Додајте една кесичка прашок за печиво, па промешајте.




Направете вдлабнување во брашното, па започнете да ги додавате останатите состојки: прстофат сол, 200 мл јогурт (млак или на собна температура), 2 јајца на собна температура, 200 мл масло и активираниот квасец.




Добро промешајте најпрво со лажица, а потоа и со рака. Постепено додавјте брапно и за замесете убаво, мазно и еластично тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го на топло да стасува додека да се удвои.




Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета работна површина и без многу премесување обликувајте го во валјак, а потоа поделете го на две еднакви половини. Секоја половина поделете ја на 9, па на крај ќе добиете 18 парчиња тесто.




Од секое формирајте топче, па со помош на оклагија развлекувајте кори со величина на чинија. Одозгора премачкувајте ги со растопен путер/маргарин/маст и редете ги една врз друга по три. Третата кора не ја премачкувајте одозгора. На крај ќе добиете на 6 места по три кори.




Кога малку ќе стасаат, развлекувајте поголеми кори, па исечете ги на 8 триаголници и секој од пошироката страна филувајте го со цем, нутела, или што и да сакате. Виткајте ги кифличките и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Се добиваат вкупно 48 кифлички, т.е. два плеха со по 24. Кифличките оставете ги да стасаат (по желба кој сака може да ги премачка со жолчка, путер или масло, но и не мора), па ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете на 150 додека да заруменат. Кога малку ќе изладат, наросете ги со шеќер во прав. / Верица Булатовиќ