Гихт или подагра е позната болест уште од времето на древниот Египет, 2600 години п.н.е. Хипократ ја нарекувал „болест на  богатите луѓе„.

Тој сметал дека оваа болест се појавила поради неумерениот начин на животот. Гихт потекнува од латинскиот збор „gutta“ (капка).

Ова е еден вид на воспаление на зглобовите, односно артритис, кој се јавува како резултат на таложење на кристална урична киселина во зглобовите на луѓето со покачена концентрација на урична киселина во крвта.

Освен во зглобовите, кристали на урична киселина можат да се таложат во кожата, меките ткива и бубрезите.

Така се создаваат мали, цврсти и бели јазли на кожата и во школката на увото, и камења во бубрезите. Од оваа болест најчесто страдаат мажите постари од 40 години и жените во менопауза.

Причини за создавање на оваа болест можат да бидат исхраната, генетска предиспозиција, слаба бубрежна функција и др.

Во 12% случаи исхраната е главната причина за создавање на гихт и е силно поврзана со консумирање на алкохол, фруктоза, засладени пијалоци и месо.

Потребни состојки:

-Едно до две стебленца од целер со малку лист

-1 парче свеж ѓумбир (со големина од 2 до 3 см)

-Половина краставица со средна големина (истријте ја кората со сода бикарбона, затоа што и таа е потребна)

-Сок од половина лимон, по желба.

Начин на приготвување:

Ситно исечкајте го целерот, ѓумбирот и краставицата, а потоа ставете ги во блендер заедно со лимоновиот сок и добро промешајте за да се иситнат и спојат состојките во еднолична смеса.

Испијте ја оваа смеса веднаш, бидејќи најдобро дејствува додека е свежа.

По можност, напитокот пијте го 1-2 пати дневно, пред оброк, до постигнување на саканите резултати.

Напитокот алкализира и помага да се исфрлат токсините од телото.