Откога се поpoдив со првото дете, нагло ми се зголемија килогpaмите, па првите неколку месеци не обраќав многу внимание и само се фокусирав на детето. Си мислев дека природно телото ќе ми се врати како што си беше претходно, но тоа не се случи.

Не бев сигурна што треба да направам, па се јавив за совет кај баба ми која цел живот е вита и cлаба, како манекенка. Таа ми рече дека нејзината добра фигypа се должи на тоа што водела активен живот, но ја јадела и оваа супа-чорба која ја одржувала секогаш фит.




Веднаш си го запишав рецептот и уште истиот ден ја направив. Се прави од неколку едноставни состојки кои обезбедуваат многу нутриенти, а кои се важни во процесот на слабеење. Оттогаш почнав и да пешачам и да вежбам барем по половина час во денот, а после еден месец сум воодушевена од резултатите.




Може доста да се оcлабе, но секој има различен метаболизам, па кај некои тоа оди побрзо, а кај некои побавно. Важно е супата да ја јадете за појадок или ручек и вечера, односно двапати на ден, а во остатокот од денот да ужинате нешто полесно или да бидете само на овошје. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 компири, 2 главици кромид, маслиново масло, 2 моркови, 1,2 литри вода, 350 г лосос (или бело месо), сол, црн пипер, 250 г брокула, 1 домат, половина китка магдонос, 200 мл неутрална павлака со 20% масленост. ПОСТАПКА: Компирите измијте ги добро под млаз вода и излупете ги. Исечкајте ги на средни коцки, како за варење.




Кромидот исто така се лупи и се сечка на поситни или поголеми парчиња (како повеќе преферирате) и се става настрана. Морковите се лупат, се вади горната дршка од секој морков и се сечкаат на коцки, со големина слична на кромидот. Вака подготвениот зеленчук се подготвува за запршка.




Во едно подлабоко тавче ставете 2-3 лажици маслиново масло (подоцна може да додадете уште малку) и ставете го сечканиот кромид. Ринглата е потребно да ви биде вклучена на ниска температура и со повремено мешање, пржете го кромидот додека да ја испушти својата прекрасна арома, да омекне и да почне да се топи.




На средина од готвењето на кромидот, додајте го морковот и пржете го заедно со кромидот уште некое време. Кога ќе забележите дека зеленчукот е доволно пропржен, тргнете го од рингла и префрлете го во подлабоко тенџере. Веднаш потоа додајте ги и и компирите, па прелијте со 1,2 литри вода.




Зачинете по вкус со сол и црн пипер, јас обично ставам по 1 лажиче сол и половина лажиче црн пипер, па подоцна го пробувам и доколку е потребно додавам уште. Ставете го тенџерето на рингла и гответе сѐ на средна температура. Лососот исечкајте го на поголеми коцки, па додајте го во тенџерето. Наместо лосос, може да користите и бело месо.




Сѐ се вари околу 15-тина минути или додека лососот/белото месо да омекне. Во меѓувреме исечкајте ја брокулата на помали парчиња, па доматот на средни парчиња. По изминатото време, додајте ги брокулата и доматот во тенџерето и оставете сѐ да се готви уште 5 минути. Исечкајте го магдоносот на ситни парчиња, па потоа додајте го и него во тенџерето.

На крајот, во супата се прелива со 200 мл неутрална павлака за готвење, се меша и потоа се трга настрана. Павлаката дава освежителен и кремаст вкус. Оваа чорбичка е доста заситна, а притоа е и многу вкусна и се прави за кратко време. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.