Ова е најубавиот чоколаден колач кој некогаш го имам направено. За сите љубители на чоколадо и оние што многу сакаат да јадат благо како мене, ова е идеално нешто за вас. Без многу состојки, се прави доста едноставно, рецептот не можете да го погрешите.




Кога го јадам овој колач, како да сум во некоја илyзија, се гyбам во неговиот кремаст вкус, па со сопругот го завикавме така. Тој ќе дојде од работа и ќе ми рече „Ај, направи Илузија колач”, па така седиме и си го јадеме на ова топло време, најубав е. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 2 белки, 70 г кристален шеќер, 100 мл масло, 200 мл млако млеко, 3 лажици какао, 180 г меко пченично брашно, 1/2 прашок за печиво. ЗА ГАНАШ: 200 г чоколадо за готвење, 300 мл слатка павлака.




ЗА ЧОКОЛАДЕН КРЕМ: 1 литар млеко, 200 г шеќер, 200 г гриз, 2 жолчки, 250 г маргарин, 200 г рендано чоколадо, 1 лажиче рум шеќер, 150 г петит кафеави бисквити.




ПОДГОТОВКА НА БИСКВИТОТ: белките и шеќерот се мешаат со миксер, се додаваат жолчките една по една и полека се прелива маслото и млекото на најмала брзина постојано мешајќи и се додава брашното измешано со какаото и прашокот за печиво.




Се ставаат во плех 37х30 см и се пече околу 15 минути (проверете со чепкалка). Оладете го бисквитот и посипете со рум и прелијте го со кремот ганаш и убаво изладете за да се стегне кремот за да може одозгора да се намачка уште еден крем. Во продолжение прочитајте како се подготвуваат кремовите:




Ганаш: Загрејте ја слатката павлака и изренданото чоколадо и мешајте додека да се стопи целото чоколадо. Изладете малку пред да го ставите на бисквитот, околу 30 минути. Најдобро е прво да го направите ганашот и да го испечете бисквитот додека се олади.




Чоколаден крем: Во ладно млеко ставете ги жолчките, шеќерот, гризот и рум шеќерот. Промешајте добро да се соединат состојките. Гответе околу 5 минути. Во полуладениот крем додајте го маргаринот и измешајте и лесно измешајте ја ренданата чоколада.




Оставете малку чоколадо за да декорирате настрана врз колачот. Скршете ги бисквитите, секој бисквит на околу 8 парчиња и додајте ги во кремот. Намачкајте го изладениот ганаш. Врз кремот премачкајте ја изматената слатка павлака (200 мл) измешана со 1 лажица шеќер. Украсете по желба, јас декорирав со рендано чоколадо. / Coolinarka.com