Розацеа е хронично заболување на кожата што се јавува на лицето. Причината за розацеа се уште е непозната и во моментов нема лек за оваа болест. Сепак, благодарение на разни истражувања, со употреба на одредени лекови постојат начини да се минимизираат симптомите што е можно повеќе.

Постојат четири подвидови на розацеа. Секој подтип има свој сет на симптоми. Исто така е можно истовремено да се појават неколку подвидови на розацеа.

Симптоми

Првиот знак на розацеа е обично црвенило. Ова црвенило прво може да изгледа како руменило или изгореници од сонце и се манифестира на образите, брадата, носот и челото, а повремено може да се зафати и областа околу очите. Субјективно, луѓето кои страдаат од розацеа чувствуваат пецкање и топлина во погодената област.

Во најтешките случаи на розацеа, кожата може да се згусне и може да се формира вишок ткиво. Гнојот кој ја придружува розацеата е сличен на акните, но тука не е случај проблемот со масна кожа и затнати пори. Напротив, со розацеа кожата е прилично сува, а промените во повеќето случаи не оставаат никакви траги на лицето подоцна.

Епизодите на розацеа често се јавуваат во циклуси. Ова значи дека може да ги чувствувате симптомите со недели или месеци, а потоа тие да исчезнат целосно и по некое време повторно да се вратат. Розацеа на лицето е честа болест на кожата кај жените. Се карактеризира со црвенило на кожата и мали испукани капилари кои се многу чувствителни. Главно се јавува кај луѓе со малку посветла кожа, склони кон црвенило на кожата.

Иако розацеата е почеста кај жените, кај мажите е регистрирана многу потешка клиничка слика. Многу луѓе кои имаат црвенило на лицето и вратот не се ни свесни дека станува збор за розацеа. Розацеа на лицето, како и многу други кожни болести, првично се појавува постепено, а подоцна симптомите се повеќе напредуваат.

Главната причина за ненадејно црвенило на лицето е сè уште нејасна. Сепак, се претпоставува дека ова заболување на кожата на лицето се активира од фактори како што се: сончево зрачење, секојдневен стрес и нервоза на работа и дома, ал-ко-холни пијалаци, многу солена и зачинета храна, премногу топлина или миење со многу врела вода, претерано консумирање на кофеин како и хормонални промени.

Статистичките податоци денес покажуваат дека дури 75% од луѓето страдаат од розацеа. Иако розацеата на лицето може да трае со години, па дури и цел живот, постојат различни медицински и природни методи кои можат да ја одржат оваа болест под контрола. Она што е секако клучно и има големо значење за понатамошниот тек на третманот е задолжителна посета на дерматолог.

Затоа е важно да се преземе овој чекор, пред да се примени било каков лек, пијалак, итн. Бидејќи не е важно дали станува збор за розацеа или обично црвенило.

Први знаци за болеста

Розацеата на лицето може да се препознае во рана фаза како повремена појава на црвенило. Обично се јавува откако ќе се смени климата од малку постудено во потопло место или по консумирање потопли пијалаци и доста зачинета храна. Сепак, црвенилото на лицето во тој случај поминува брзо.

Во подоцнежната фаза, црвенилото на лицето и чувствителноста на кожата постојано се изразуваат. Ако не се препознае и третира на време, црвенилото подоцна е придружено со проширени капилари на лицето со карактеристичен мал гној.

Во најлош случај, постои зголемување на отокот и црвенило на носот. Овие се вообичаени симптоми на розацеа кај мажите, кога болеста е веќе во напредна фаза. Розацеа на лицето не е единствената манифестација, имено може да се појави и на вратот, градите, скалпот или ушите.

Хроничната и прогресивна розацеа, исто така, предизвикува промени во окото како што се конјунктивитис, иритис, иридоциклитис, блефаритис. Во тешки случаи, се јавува и болен кератитис (воспаление на рожницата), што може да резултира со развој на васкуларизација на рожницата и сериозно оштетување на видот.

Терапија и третман

За почетници, заболените треба да избегнуваат фактори кои можат да ја влошат состојбата на нивната кожа како: екстремно ладни или топли пијалаци, кофеин и ал-ко-холни пијалаци, многу зачинета храна и бројни агресивни препарати за лице кои ја иритираат кожата.

Розацеа на лицето може да се третира локално, кога одредени препарати се нанесуваат на кожата или системски, кога соодветните лекови се земаат орално. Терапијата ја одредува лекарот врз основа на симптомите и присуството на промени во кожата. Системската и локалната терапија често се комбинираат, особено во напади на зголемено црвенило.

Лицето треба да се измие со ладна или млака вода и лесно да се натапка со крпа, а не со триење. Сите производи за нега треба да бидат што е можно поприродни и прилагодени на чувствителна кожа. Треба да се избегнува миење на лицето со сапун.

Розацеата на лицето исто така бара избегнување на производи што содржат вештачки мириси, но и масла од ментол и еукалиптус затоа што имаат иритирачки ефект. Треба да се избегнува сонце и да се користат креми за нега со заштитен фактор 15 или повеќе.

Розацеата на лицето се јавува од повеќе причини, а како најголем виновник најчесто се наведува генетската предиспозиција. Докажано е дека начинот на исхрана и живеење во голема мера одредува дали некој ќе добие розацеа. Се верува дека масната, пржена, брза и зачинета храна, како и храната која содржи многу шеќер, влијае на изгледот и влошувањето на болеста.

Во дневното мени треба да се вклучи свежа храна како: свежо овошје и зеленчук, храна богата со омега-3 масни киселини (пастрмка, скуша, лосос, ореви, бадеми, ленено семе, ленено семе и масло од јаглика), мешунки, јајца (не повеќе од три жолчки неделно). За црвенило на лицето, се препорачува пиење многу вода, билни чаеви и природно исцедени сокови. Важно е преку исхраната да внесете што повеќе цинк.

Масло од диво оригано

Маслото од диво оригано е многу моќен природен лек, но покрај тоа што е добар за розацеа, помага во борба против кандида. Се препорачува ова масло да се воведе во ноќната рутина.

Познато е дека маслото од оригано има силни антибактериски, антифунгални, антивирусни и антипаразитски ефекти. Покрај тоа, дивото оригано содржи големи количини на природни фитохемикалии како флавоноиди и феноли.

Меѓу фитохемикалиите, најважен е карвакролот, кој е присутен во маслото од диво оригано помеѓу 60 и 80%. Покрај антимикробните својства на карвакролот, научниците ги открија и неговите антиинфламаторни и аналгетски ефекти.

Мешавина од глуварче, коприва, невен и камилица

Се препорачува дневно консумирање на билни чаеви околу еден литар чај. Едни од најдобрите билки кои се покажаа најефикасно во лекувањето на розацеа се: глуварче, коприва, невен и камилица бидејќи се одлични за чистење на организмот.

Ако сакате да го отстраните црвенилото на лицето, подгответе ја следнава мешавина од чај, така што во еден сад ќе ставите еднакви делови од секоја билка поединечно. Овој рецепт е познат во нашата народна медицина и се користи за разни проблеми со кожата.

Во зовриена вода додадете 5 супени лажици мешавина од овие билки, поклопете и оставете го чајот да отстои половина час. По изминатото време, процедете и пијте во текот на целиот ден. Оваа билна мешавина може да ја користите и како ладен тоник за чистење на лицето.

Листови од бела имела

Измешајте по 20 г корен од слатка папрат, бела имела, кора од даб, лисја од нане, мајчина душица, глог и лисја од дива јагода. Ставете 25 г од мешавината во литар врела вода, поклопете и варете уште една минута. Извадете од шпоретот и оставете го поклопено додека да се излади. Процедете го и пијте го со мед во текот на два месеци.

Свеж морков во борбата против видливите капилари на лицето

Исцедете свеж сок од морков и пијте 100 мл пред секој главен оброк. Морковот го чисти организмот од токсини, а се покажал и како најдобар природен лек во борбата против розацеа бидејќи го отстранува црвенилото и во ”влече” гнојот.

Чајна мешавина од коприва и даб

Направете мешавина од чај од 2 лажици ситно сечкани лисја од коприва и кора од даб. Прелијте со 1,2 литар свежо зовриена вода. Оставете поклопено најмалку 90 минути. Процедете добро и засладете со домашен мед по желба. Пијте една чаша чај пред и после секој оброк.

Алое вера

Гелот од внатрешниот лист на растението алое вера има благотворно и хидрантно дејство врз кожата на лицето. Исто така, овој гел може да биде успешен како локален лек за розацеа. Алое верата може да го подготвувате во разни комбинации од мед, ѓумбир, лимон, куркума и маслиново масло, а може гелот директно да го нанесувате на кожата како хидратантен крем. Пред да го нанесете гелот од алое вера на лицето, тестирајте на вашата рака во случај на алергија.

Камилица

Камилицата е билка која го хидрира организмот. Често се користи локално во билни третмани за воспаление на кожата. Многу студии докажаа корисни ефекти на камилицата врз телото и кожата.

Есенцијалното масло од камилица исто така може да го направите природно. Во шише наполнето со маслиново масло ставете неколку цветови камилица. Маслото чувајте го 4 недели на собна температура во темна просторија на собна температура и повремено протресувајте го. Маслото користете го два до трипати неделно во вашата рутина.

Зелен чај

Зелениот чај е многу богат со антиоксиданти и е лесно достапен. Студиите покажуваат дека зелениот чај е ефикасен во лекувањето на розацеа. Антиоксидансите се корисни за третирање на воспаленија, вклучително и кожни заболувања.

Како таков, зелениот чај може да биде одлична состојка во производите и кремите кои се користат за третирање на розацеа. Затоа, примената на производи за локална употреба со зелен чај е добар метод за лекување на црвенилото на кожата.

Масло од лаванда

Различни есенцијални масла можат да се користат локално за подобрување на розацеата. Од сите овие масла, лавандата е најдобро проучена и најдостапна. Разредете го есенцијалното масло од лаванда и нанесете го на кожата. Или измешајте неколку капки од ова масло во омилената хидратантна крема. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.