Хачапурито припаѓа на грузиската национална кујна, но е познато јадење во целиот свет. Самиот збор, ”хачапури” е составен од два збора: ”хачо“ што значи урда и ”пури“ што значи леб. Не постои еден и единствен рецепт за хачапури.

Tестото може да се замесува со сув квасец или прашок за печење. Исто така, може да користите млеко, јогурт, павлака или кисело млеко. Хачапурито може да се пече во рерна или да се пржи во тава. Како фил може да се користи урда, сирење, кашкавал, а може и месо па дури и риба.

Може да биде затворена или отворена. Ако е отворена може да биде со јајце на површината или без јајце. Секој си го прави според сопствениот вкус и желба. Многу е вкусно, а едноставно, па доколку не сте го пробале, во следната пригода направете го и изненадете ги вашите најмили.

I Рецепт: Отворено Хапачури

Потребни состојки за тестото: ½ чаша топло млеко ⅓ чаша топла вода, 1 ½ лажички бел шеќер, 1 ќесичка сув квасец, 2 лажички маслиново масло, 2 ¼ чаши сенаменско брашно, 1 ½ лажичка сол. За мешавината на сирење: 120 г ситно сечкано кравјо сирење, 120 г ситно сечкана моцарела, 230 г фета сирење. Останато: 2 големи јајца, 1 лажица путер, сол по вкус, 1 лута пиперка по желба.

Постапка: Во длабок сад измешајте го млекото, водата, шеќерот и квасецот. Вака подготвената смеса оставете ја да отстои додека квасецот да се кативира околу 5 минути. Додадете го маслиновото масло, брашното и солта. Постојано мешајте додека не добиете меко тесто.

Потоа ставете го тестото на набрашнета површина. Месете околу 3 минути, додавајќи го преостанатото брашно по потреба, додека тестото да стане многу меко, но сепак да не се распаѓа. Формирајте топче и ставете го во намастен сад.

Покријте и оставете да стаса на топло место додека да се зголеми двојно волуменот 1 до 2 часа. Загрејте ја рерната на 245 степени. Измешајте ги претходно изренданите сирења и чувајте ги во фрижидер додека тестото стаса. Откога тестото ќе се подигне, префрлете го на набрашнета површина и малку размесете го.

Поделете го на еднакви делови и направете вдлабнатина во форма на кајак во секоја од нив. Наросете малку брашно во вдлабнатините и потоа ставете од филот со сирење. Може да додадете и кашкавал, печурки или сувомеснато месо. Отсечете го вишокот околу тестото и ставете ги вака подготвените теста на хартија за печење.

Печете во загреана рерна 15 минути. 3-4 минути пред да ги извадите печените Хапачури, во секое тесто ставете едно јајце и печете уште неколку минути. По изминатото време извадете од рерна и премачкајте го тестото со малку путер. / Рецепт на Викторија Николовска:

II Рецепт: Затворено Хапачури. Потребни состојки: 800 г брашно, 500 мл јогурт, 1 јајце,100 г путер (растопен), 3-4 лажици масло за готвење, 1 коцка свеж квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер. За фил: 750 г сирење или урда, 1 белка, 1 жолчка за премачкување.

Подготовка: Од сите наведени состојки за тестото, на вообичаен начин се прави меко тесто кое обично може по малку и да се лепи за рацете. Тестото се покрива со пластична фолија (за да не се создаде кора) и се остава најмалку 1 час да стаса (можеби и нема многу да нарасне, но тоа не е погрешно).

Додека тестото стасува се подготвува филот. Сирењето се ренда или ситно се сечка, а потоа измешајте го заедно со 1 јајца и 1 белка (втората жолчка служи за премачкување). Нараснатото тесто се става на добро набрашнета површина и уште еднаш кратко се развлекува, се дели на 12 дела и се формираат 12 топчиња (секое топче треба да тежи околу 120 – 130 г).

Од секое топче од тестото се формира мала вдлабнатина, а во средината се става од филот. Со помош на рацете залепете ги страните од филот така што ќе го покриете со тесто. Оформената топка се завртува со залепениот дел од долната страна.

Така се постапува со сите 12 дела. Откога ќе ги исполните сите топчиња со фил, направете уште една вдлабнатина во тестото и одозгора ставете јајце по желба. Потоа, со помош на оклагија, се расукува круг и се сместува во тава обложена со хартија.

Според мојата големина, во една тава може да се наредат четири хачапури. Секоја пита се премачкува со разматена жолчка од јајце, се наросува со сусам, ким или афион (по сопствена желба) и се оставааат малку да одморат или се додека не се загрее рерната.

Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути или додека ја променат бојата, односно малку поруменат. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска