Со години се борела со тежината, сите и се потсмевале – За 8 месеци се преполовила, еве што јадела секој ден

Луѓето зад грб и говореле: Види ја колкава е! Жељка (45) имала 124 кг и за 8 месеци ослабела 50 гк, а еве што јадела секој ден.

“Се сеќавам дека на 26.јануари оваа година, гледајќи ја својата фотографија, помислив: “Не можам и не сакам да изгледам вака”, истакнува Жељка Ѓаковиќ (45) која денес може гордо да каже дека за 8 месеци ослабела 50 кг.

Loading...

Голема мотивација за успех кон целта биле нејзините синови Марко (12) и Јован (9).

“Ме плашеше помислата дека може да добијам мозочен удар, инфаркт или слично заболување кои им се заканува на дебелите луѓе. А мојата крвна слика покажуваше дека сè води кон такво нешто”, порачува таа.

Жељка која е по потекло од Бања Лука, а која живее во германија, за својата висина од 172 см имала 124 килограми кога рекла: “Доста е!”.

Порано пробувала сè и сешто: чаеви, таблети, шејкови, месна диета, сè што ќе слушнела од некого. Но брзо се откажувала, бидејќи после само неколку месеци ништо не се случувало. Стагнирала и се откажувала. Ги враќала старите килограми, плус уште неколку дополнителни. Добро памти како околината реагирала на нејзината килажа.

“Ги чувствував погледите на луѓето или ќе слушнев како ми зборат зад грб: “Колкава е женава!” Или “Види ја оваа!”. Тоа боли, ама до коски. Кој го осетил тоа на своја кожа, знае за што говорам. Се тешев дека дека имам вишок килограми поради успорената работа на штитната жлезда.

ОВОЈПАТ ОДАМ ДО ЦЕЛТА

Почетокот на диетата, како и секој почеток, не бил лесен за Жељка. Требало да ги победи навиките кои ги имала целиот свој живот. Но, нејзината желба овојпат била цврста.

“Денот порано го започнував со големо кафе со млеко, а за појадок имав брза храна, како и за ручек, а помеѓу оброзите јадев благо. Јадев онака, на нога. Често готвев, па се залажував дека тоа е добро, па пак за вечера нешто грицкав. Имав тотално погрешна и лоша исхрана.”

После бројни испробани диети, не и било лесно да ја одбере следната, но тогаш слушнала за нутриционистката која и го променила животот. На нејзината пријателка и помогнала за 3 месеци да дојде до совршена линија.

СО ПОМОШ НА ОВАА ДИЕТА ЖЕЉКА ОСЛАБЕЛА 50 КГ

“Добив план на исхрана од три оброци и две ужини. За појадок јадев овошен микс со овесни снегулки, интегрален сендвич со паштета или намаз од зеленчук, омлет со зеленчук или нешто слично.

Ужините беа овошје или потаж или природно цедени сокови. Ручав месо или бела риба со динстан зеленчук и салата, а вечерав исто така риба со зеленчук.”

Жељка истакнува дека оброците се приготвуваат според посебни рецепти кои се многу едноставни.

“Не морав да размислувам што да готвам. Само ќе го отворев планерот. Тоа ми беше супер, а порциите беа толку големи што секогаш нешто ми остануваше недојадено во чинијата.”

Како посебно уживање ја издвојува ноќната ужина – омилениот јогурт со чиа семе и ленено семе.

“Првите резултати се видоа после денот кога престанав да ги пијам апчињата против високиот крвен притисок, кој беше стабилизиран” – порачува Жељка на која диетата и ги олеснила и проблемите со штитината жлезда.

Сакав да бидам здрава мајка на своите деца. Сопругот и децата се воодушевени со мојот изглед, однесување и начин на облекување – гордо истакнува таа.

На почетокот сакав да ослабам 35 до 40 кг, а кога видов како слабеењето ми оди добро, решив да ослабам уште 10 кг. Не можам со зборови да ви опишам колку сум среќна.

Loading...