Кога ја делите канцеларијата со колега, голема е веројатноста да знаете повеќе за него отколку неговите најблиски. Поминувате осум часа заедно, повеќе отколку што тој истиот поминува со своето семејство, ако се изземе времето за спиење.

Ова го говорам затоа што вакво нешто сигурно не би му поминало дома, ама додека е на работа тој покажа колку далеку е спремен да оди, зошто миењето шолји биле “женска” работа.

Ако некогаш сте се сомневале дека постојат мажи кои и натаму ги делат работите на “машки” и “женски”, токму мојот колега Васе ви е претставник на таквите – да, сè уште постојат.

Дури и најзакоравените меѓу машките колеги што ги имам на работа, повремено потклекнуваат и прават нешто “нечесно” за својот пол, но овој примерок веќе со години ја брани својата машкост.

Колку е е спремен далеку да оди – покажува и неговата шолја за кафе. Знаеме дека миењето на садови е “женска” работа и дека ниеден маж кој држи до себе не би се фатил за таа работа. Тоа го знае мојот колега Васе, па со денови и недели ја заобиколува својата шолја за кафе.

И ние останатите ја заобиколувавме, бидејќи без разлика на назадните сфаќања, секој треба да си се грижи за сопствениот неред, без разлика на полот. И така, додека ние глумевме дека не постојат неизмиени шолји, таа си доживеа некој свој живот, и тоа во буквална смисла.

Така е, шолјата е преполна со мувла, па дури и со сламката во неа.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПИЕ ОД МУВЛОСАНА ШОЛЈА?

Не, не е безбедно. Дали е безбедно да се пие и натаму од шолјата откако ќе се измие? – Зависи. Треба добро да се стерилизира пред да се употреби.

Apparently doctors have been finding that some patients are struggling to fight off unexplainable infections…even…

Публикувахте от Veronica Lucas в Сряда, 9 януари 2019 г.

Имено, минатата година некаде ова време, мајките во Америка беа во општа паника поради фактот дека под капакот на еден популарен бренд шишенца за деца, речиси кај сите фатил мувла, а многу од родителите предоцна станале свесни.

После овој настан, дури и шишињата за возрасни беа ставени под лупа, па и таму многумина открија мувла.

Потоа следуваше јавување на доктор од Калифорнија со тврдење дека токму тој бренд шишенца за малку ќе убиел еден од неговите пациенти, поради скриената мувла.

Како што објаснува овој лекар во видеото, неговиот пациент имал постојано мачнини и лошо се чувствувал. Лекарот никако не можел да ја открие причината за ваквата состојба, бидејќи пациентот наизглед бил сосем здрав. А тогаш погледот му паднал на шишенцето кое пациентот го имал со себе. Воочил дека има мувла и после анализите се утврдило дека токму таа е причината за сите неволји на пациентот.

Останатите доктори велат дека малку е екстремно да се каже дека мувлата можела да го убие човекот, но се сложуваат дека постои поврзаност со необјаснетата болест на пациентот.

Консумирањето на мувла во било која количина не е добро по здравјето.

После овој скандал, мајките од Америка нашле нов метод за миење на сомнителните садови на кои би можело да се нафати мувла. Прво ги мијат во машина за садови, а потоа уште еднаш рачно, за да бидат сигурни дека го поминале секое делче, па дури и она најскриеното.

Машината за садови навистина е одлична, но не може да се испере секое скриено делче, како што тоа вие би го направиле.

Ова секако важи за теглите, шолјите со капаци и останати делови во кои би можело да се забележи мувла. За останатите садови, како оваа шолја, доволно е да се измие со топла вода, после секоја употреба со чист сунѓер и средство за миење садови.