Рускиот лекар и светски познат кардиолог Николај Михајлович Амосов дава неколку совети за здрав живот, кои исто така ги почитувал и го доживеал неговиот 90-ти роденден.

Николај Михајлович Амосов (1913 – 2002 г) бил руски и укарински хирург, научник, писател и академик, како и директор на научниот оддел во Јановскиот Институт за истражување на туберколоза и торакална хирургија.




Познатиот руски и советски лекар и еминентен кардиохирург Амосов Николај Михајлович, академик и директор на научниот оддел на Институтот за истражување на туберкулоза и торална хирургија „Јановски“, дал клучни совети за тоа како да се зачува здравјето на ‘рбетот и да се спречат б олки во грбот.




Освен стручниот совет што им го дал на своите пациенти, самиот Амосов редовно применувал низа едноставни вежби за да ја докаже нивната ефикасност, а до крајот на животот немал никаков здравствен проблем, а особено имал здрав локомоторен систем.

Покрај советите за здрав ‘рбет и зачувување на неговата здравствена и еластична состојба, славниот руски доктор за своите пациенти остави и неколку клучни совети за тоа кој е најдобиот здрав начин на живот.




Совети за здрав начин на живот

Не очекувајте и не се надевајте дека лекарите ќе нè направат здрави и ќе го излечат нашето тело. Ако веќе сте стигнале до болница, таму може да се започне само квалитетното сопствено лекување на себеси. Сè друго зависи од човечката природа, желба и упорност.

Докторите се тие кои учеле како да ги лекуваат човечките болести, но тие можат само да ни ја дадат првата потребна помош кога сме го изгубиле здравјето. Ние сами мора да се грижиме и да научиме како да го продуцираме сопствено здравје преку вежби и формирање на силен карактер.




Кај некои болести неизбежна е лекарската интервенција, но кај посериозните случаи, болеста е само последица на сопствениот лош начин на живеење и недоволна физичка активност. Дневното вежбање од најмалку половина час може да го продолжи квалитетното здравје на една личност.




Физичката активност треба да биде во разумни граници. Треба редовно да го мерите и да го следите индексот на вашата тежина и да јадете што повеќе овошје и зеленчук. Секојдневна прошетка на чист воздух е задолжителна.

Мора да земете во предвид дека постојат многу лоши лекари во светот, а вистинска реткост е ако налетате на некој одличен, кој нема само шематски да ве лекува, туку и ќе ве советува како да го подобрите вашето здравје. Ова е уште една причина уште денес да започнете со зајакнување на имунолошкиот систем и да почнете со вежбање.




Д-р Амосов осмислил серија едноставни вежби и ја докажал нивната ефикасност со сопствен пример – го дочекал 90. роденден, а притоа никогаш не па-тел од б олки во зглобовите, мускулите и грбот!

Своите вежби ги изведувал секој ден, се додека дошол до неверојатните 100 повторувања по вежба, кои ги завршувал за само половина час. Пулсот тогаш му достигнувал 110-120 отчукувања во минута, што е слично како кај аеробниот тренинг.




Сепак, почетниците би требало да започнат со 4-5 вежби, со помеѓу 10 и 20 повторувања, па подоцна може да се зголемат.

ГРБ ВО ВОЗДУХ. Легнете на столче, така што стомакот да ви биде на делот за седење. Со лицето бидете свртени кон долу. Рацете ставете ги зад глава, нозете испружете ги, така што практично да лежите хоризонтално со подот. Истегнете го целото тело. Извијте се кон горе подигајќи го торзото и вратете се повторно назад. Повторете 10 пати.




ЈОГА ИСТЕГНУВАЊЕ. Легнете на грб, рацете испружете ги покрај телото. Нозете зафрлете ги зад главата, така што стапалата ќе го добрат подот. Направете 10 повторувања.

ДОПРИ ЈА ЛОПАТКАТА. Подигнете ја левата рака и ставете ја дланката на десната плешка/лопатка. Истегнувајте се неколку секунди. Главата може малку да се помести кон напред во текот на изведувањето на вежбата. Повторете 10 пати со двете страни.




ПРОТРЕСЕТЕ ГО ТЕЛОТО. Застанете на сите четири. Опуштете го грбот. Започнете го да го тресете телото така што со брзи и остри потези брзо ќе ги свиткувате рацете во лактовите. Правете го ова 30-60 секунди.

ЛУЛАШКА. Легнете на грб, нозете свиткајте ги во колена, привлечете ги на гради и опфатете ги со рацете. Започнете да лулате напред-назад минимум 10 пати.




ВЕЖБА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ГРБНИТЕ МУСКУЛИ. Легнете на стомак. Рацете испружете ги покрај телото. Главата и градите подигнете ги и држете ги 3 секунди. Повторете 3 пати.