Сега е вистински момент да си приготвите слатко од кора од лубеница, Лубеницата треба да има малку подебела кора и како таква е идеална за подготовка на слатко – вели Драгана Ѓорѓевиќ, и додава:




Постојат таканаречени зимски лубеници кои се користат исклучиво за подготовка на ова слатко. Но верувајте ми на зборот, може да се подготви од која било лубеница која има подебела кора.




Потребни состојки: 1 кг кора од лубеница, 1,5 кг шеќер, 350 мл вода, 1 лимон, малку ванила и лист од розетла (слаткарче, онаа сардела чии листови преубаво мирисаат и се ставаат во слатката).




Постапка: зелениот дел од кората тенко излупете го, а од белиот дел правете облици какви што сакате: коцкички, топчиња, штанглички… Јас направив коцки со ребраст н ож.




Ставете сги исечените парчиња во експрес лонец со малку вода и варете 30-тина минути од моментот на шиштење. Кога е вареното парчињата исперете ги со ладна вода и оставете ги добро да се исцедат.




Во широко тенџере за слатко сварете го шербетот. од моментот на зовривање, оставете да се вари уште 10-тина минути. Во шербетот спуштајте ги исечените парчиња кора од лубеница.




На почетокот од варењето ставете гранче розетла, а некаде пред крајот додајте еден лимон исечен на тркалца од кој сте ги отстраниле семките. Додека се вари слаткото собирајте ја пената.




Јас слаткото го варев на плинска боца и не го мерев времето, за што ќе мора сами да проверите и да процените. Кога слаткото ќе биде сварено, прекријте го тенџерето со влажна крпа.




Оставете го вака да се олади до следниот ден, а дури потоа, ладното слатко собирајте го во претходно стерилизирани тегли. Затворајте ги со џелофан и метален капак. Еве неколку интересни факти за лубеницата, за кои сигурна сум дека ретко кој ги знае:




Лубеницата потекнува од Египет од пред 5000 години. Се смета дека е овошје, но и зеленчук, истовремено. Лубеницата се состои од околу 92% течност. Семките од лубеницата се јадливи.




Постојат и жолти лубеници. Во светото постојат 1200 видови лубеница. Многу е лековита. Постои Ден на лубеницата кој во Америка се слави на 3. август. Во Кина и Јапонија се носи како подарок на домаќините при посета. Во многу краишта лубеницата се јаде во комбинација со фета сирење.

слатко од кора од лубеница / Драгана Ѓорѓевиќ

слатко од кора од лубеница / Драгана Ѓорѓевиќ
слатко од кора од лубеница / Драгана Ѓорѓевиќ
слатко од кора од лубеница / Драгана Ѓорѓевиќ