На сите омилениот кекс во овој освежителен десерт дава специфична арома и со тоа ја прави уште понеодолива оваа најубава ледена сладолед-торта. Се приготвува лесно и едноставно, а од евтини состојки добивате голема количина за целото семејство. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 6 лажици шеќер, 20 г ванилин шеќер, 200 мл млеко, 500 мл слатка павлака, 400 г кисела павлака, 1 лажица какао во прав, 150 г кекси (плазма, но по желба може да одберете и други), 100 г лешници, бадеми, ореви, 100 г суво грозје (може и брусница)




ПОСТАПКА: Сувото грозје прелијте го со топла вода (може и со сок или рум), па оставете го некое време за да се хидрира и набубри, околу 10 минути. Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека тој да се растопи и јајцата да станат кремасти.




Поставете го садот врз пареа, па гответе ги јајцата со непрекинато мешање 10 минути. Оставете ги настрана да се оладат. Во посебен сад изматете ја слатката павлака додека да згусне како шлаг, но не премногу.




Потоа додајте го млекото во тенок млаз и продолжете со матење додека да се инкорпорира. Филот од јајца кога ќе олади целосно на собна температура, изматете го со миксер, па додајте го изматената павлака.




Продолжете со миксање додека да се соединат двете смеси, па додајте ја киселата павлака и изедначете. Ова е основата во која можете да додавате состојки по ваш вкус. Ние се одлучивме за кршени плазма кекси, тостирани бадеми и лешници, ореви и исцеденото суво грозје.




Добро измешајте ја смесата со лажица или шпатула додека сите додадени состојки да се распоредат рамномерно. Потоа, добиената смеса поделете ја на приближно два еднакви делови. Во едниот дел додајте го какаото и промешајте за да добиете кафеав дел.




Наместо какао може да користите и чоколадо во прав. Во соодветен сад најпрво излејте ја белата/светлата смеса, а потоа чоколадната. Израменете и ставете во замрзнувач на неколку часови додека да се стегне. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.