Оваа торта мора да ја пробате! Лесна и освежителна, сладолед торта со јагоди, нутела и плазма, која се приготвува за само 15 минути.

Потребни состојки: 130 г плазма кекси + малку млеко за натопување, 500 мл шлаг крем (слатка павлака), 180 г кисела павлака, 10 г ванилин шеќер, 30-100 г шеќер во прав, по вкус, 300 г јагоди, 2-4 лажици нутела, по вкус и 2 лажички какао. За декорација: 3 јагоди, мелена плазма (калап 24 см)

Постапка: јагодите измијте ги и ситно исечкајте ги. Половина литар слатка павлака изматете со миксер додека да добиете цврст шлаг.

Во шлагот додадете шеќер во прав и ванилин шеќер, па продолжете уште малку со матење. Додадете 180 г кисела павлака и изматете да се изедначи.

Од добиениот крем тргнете на страна 4 полни супени лажици. Остатокот поделете го на два дела. Во едниот дел додадете ги сечканите јагоди и изматете со миксер за да добиете изедначена смеса.

Во вториот дел додадете 2-3 лажици нутела, измиксајте, па додадете 2 лажички какао во прав за да се засили вкусот. Изматете уште неколку секунди.

За основа: Плазма кекси кратко натопувајте ги во млеко, па редете ги на дното од калап со пречник 24 см. Одозгора нанесете го филот со нутела и рамномерно распоредете и израмнете.

Врз овој фил нанесете го филот со јагоди, па рамномерно распоредете и израмнете.

Одозгора нанесете го шлагот (4 лажици) кој претходно го одвоивте на страна. Израмнете и декорирајте по вкус. Пред послужување најдобро е тортата добро да ја изладите во фрижидер, најмалку 3 часа. Деталите можете да ги погледнете во видеото: