Доколку сакате за кратко време да ослабете, без притоа да гладувате, тогаш ГМ диетата, односно дитетата на General Motors, е вистинската за вас.

Се смета дека оваа диета била осмислена од врвни научници за вработените на компанијата, но околу оваа урбана легенда немаме поконкретни податоци.

Најновиот осмислен диетален план за исхрана се покажал како доста ефикасен, а бројни луѓе кои го спроведоа се пофалија дека согориле дури 6-8 кг за само една седмица.

ГМ ДИЕТАЛЕН ПЛАН ОД 7 ДЕНА:

ДЕН 1: Не јадете ништо освен овошје

Во текот на денот јадете само овошје и тоа одберете плодови кои содржат помалку фруктоза (одбегнувајте банани). Не смеете да јадете ниту зеленчук. Само овошје, кафе без шеќер, лимонада без шеќер, чаеви без шеќер и вода. Ова е прочистителен ден. Од следниот ден ќе започнат обично да се празнат цревата.

ДЕН 2: Не јадете ништо друго освен зеленчук

Вториот ден е ист како првиот, но наместо овошје, овој ден јадете само зелечнук. Може да го јадете сиров или варен, но без да додавате путер или масло, а исто така ограничете ја и солта.

Посолете најминимално колку да не ви е безвкусно. Може малку да зачинете со неколку капки лимонов сок.Овој ден исто така треба да испиете најмалку 8-12 чаши вода, а дозволено е кафе и чај без шеќер.

ДЕН 3: Комбинација од овошје и зеленчук

Овој ден може да јадете и овошје и зеленчук, но без банани и без компири. Најдобро би било овошјето да го резервирате за почетокот од денот, а зеленчукот да го оставите за ручек и вечера. Не заборавајте да пиете доволно течности.

ДЕН 4: Банани и млеко

Ова можеби ќе ви биде изненадување, бидејќи досега моравте да ги одбегнувате бананите, но и млечните производи. После три дена пост и прочистување, на организмот му се потребни токму овие намирници: овој ден може да изедете до 8 банани и 3-4 чаши млеко.

ДЕН 5: Ориз и домати

Овој ден можеби ќе ви изгледа како празник, бидејќи може да изедете една порција варен ориз, без сол и без масло, како и до 6 домати во текот на денот.

Внесот на вода зголемете го до 15 чаши, бидејќи телото ќе произведе доста урична киселина (поради доматите) и истата мора да се исфрли од организмот, за да не дојде до нејзино таложење и формирање на кристали.

ДЕН 6: Ориз и зеленчук

Ова е уште еден ден кога може да изедете една порција варен ориз за ручек и да јадете колку сакате зеленчук, но без компири. Повторно вратете се на 8-12 чаши вода.

ДЕН 7: Финале

Конечно стигнавте до крајот на диетата, за што ви честитаме, дозволени се овошни сокови, зеленчук и порција ориз за ручек. Овој ден ден се консумираат овошни сокови на почетокот од денот кои ќе ги исчистат токсините од вашето тело. За ручек повторно се јаде ориз со зеленчук.

Исхраната е дизајнирана да им се помогне на луѓето со преголема телесна тежина да ја намалат истата без гладување, а истовремено да користат здрави намирници кои ќе им помогнат да се прочистат. Оризот кој се консумира последните денови се препорачува да биде интегрален и богат со влакна.