Од една смеса направете три различни фила кои ќе ги ставите помеѓу кексите, ќе ги замрзнете и ќе добиете фантастичен сендвич сладолед. За само неколку минути ќе добиете освежителен десерт.




Од слатка павлака и шеќер во прав, како и јајца, направете смеса во која ќе додадете состојки по желба и ќе ги приготвите најубавиот сладолед. Секогаш е повкусна и поздрава домашната храна отколку купечката.




А, она што е одлично во овој рецепт, е тоа што не ви е потребно многу време и труд за да приготвите ваков вкусен десерт за целото семејство. Најмногу ќе се воодушеваат децата, кои едвај чекаат да го пробаат.




Сендвич сладоледот нема да ве чини многу, а вкусот на филот можете да го замените со нешто што моментно го имате дома, нешто што нема да ве лини премногу. Ако не сте љубител на овој вид сладолед, тогаш можете да направите чоколаден на стапче или класичен.




Потребни состојки: кекси по ваш избор, 500 мл слатка павлака, 125 г ванилин шеќер, 2 јајца, овошен прелив, какао, екстракт од ванила, малку млеко, разни додатоци по желба




Постапка: пенасто изматете ја слатката павлака заедно со шеќерот во прав. Додајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матење. Доколку одбегнувате употреба на сирови јајца, тогаш применете го следниот метод:




Јајцата пенасто изнматете ги со миксер и постепено во нив додавајте шеќер. Кога ќе побелат и смесата ќе згусне, садот ставете го врз некое тенџере во кое врие вода, па варете ги на пареа уште 10-тина минути.




Кремот од јајца потребно е постојано да се меша додека го варите на пареа. Потоа оставете го на страна целосно да се олади. Па продолжете со постапката како што е опишано во рецептот:




Во шлагот од изматената слатка павлака додајте ги претходно изматените и сварени, па изладени јајца, и изматете уште малку додека да се изедначи смесата. Потоа поделете ја на три еднакви делови.




Во едниот дел додајте малку овошен прелив, во вториот дел додајте какао или топено чоколадо, а во третиот ванила. Убаво промешајте. Потоа подгответе три садови во кои ќе ги можете да ги редите кексите (да собере по 9 кекси).




Кратко натопувајте ги кексите, па редете ги во садот. Во секој сар излејте по еден од трите различни фила и одозгора наредете уште еден ред кекси. Покријте и оставете во замрзнувач да отстои минимум 4 часа. Исечете и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.