Доколку ги сакате чоколадните задоволства, наш предлог е да направите ситни колачи кои можете да ги изедете во еден залак. Овој рецепт е толку лесен што секој може да ги приготви.

Полека започнува празничната сезона и вистинско време е да започнете да ги собирате рецептите за јадењата и колачи што ќе ги послужите. Она што сите го очекуваат е убава слатка трпеза, а рецептите за ситни колачи никогаш не се доволно.

Никој не одбива чоколадни задоволства, а овие ситни колачи ќе ве воодушеват. Се прават од тесто, а потоа се валаат во чоколадо со лешници. Овие мали залачиња не се само вкусни, туку и декоративни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (1): 150 г путер, 1 јајце, 60 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, прстофат сол, 50 г бадемово брашно, 6 г прашок за пециво, 400 г брашно, 200 г чоколадо, 50-60 г печени лешници

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (2): 125 г путер, 100 г шеќер, 1 јајце, 40 мл масло, 8 г ванилин шеќер, 100 г бадемово брашно, 250 г брашно, 250 г црно чоколадо, 200 мл слатка павлака, 50 г ситно сечкани бадеми

ПОСТАПКА: Во сад измешајте го путерот на собна температура, шеќерот, ванилиниот шеќер, јајцето и малку сол, па сето тоа убаво изматете го со миксер. Потоа додајте го бадемовото брашно и прашокот за печиво, убаво измешајте, а потоа додајте го брашното.

Замесете тесто, правете тенки валјачиња, сечете ги на помали парчиња и обликувајте ги колачињата. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180°C околу 15 минути, да останат светли.

Оставете ги да се оладат. Чоколадото растопете го и измешајте го со сечканите лешници, па потопувајте ги колачињата и оставете ги на цедалка/решетка или дирекрно во плехот каде се печеа, врз хартијата за печење. Потоа оставете ги во фрижидер да се стегнат.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.