Рецептот доаѓа од една Босанка по име Ферида која рецептот за вртени питички го споделува со сите. Таа вели дека и новите и неискусни домаќинки стануваат експерти за развлекување на кори со нејзините совети.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно +-, малку сол (1-2 мали лажички), 200 мл масло и малку вода, колку што му е потребно на брашното, се додава постепено. Тестото се прави од овие состојки, а состојките за филот може да ги прочитате во продолжение:




ПОСТАПКА: Водата треба да биде млака за тестото да ви излезе меко. Не грижете се за развлекѕување на корите, кај нас ги викаат јуфки. При развлекување на корите често се случува корите да испукаат на некое место, а со советите на Ферида оваа незгода ќе ја избегнете.




Како што кажав и погоре, првиот совет е водата која ја користите да не биде преладна. Корите за пита или бурек се развлекуваат на голема површина, која треба да биде покриена со памучна наметка/чаршаф.




Потоа тестото се премачкува со масло и се остава да одмори најмалку 10 минути. За тоа време се прави филот: Бурекот се прави од месо или сирење, а вртените пити од компир, урда, праз… Може да направите и мешан бурек со компир и месо, но вртените пити се крал на сите мрсни пити.




За овој прелив конкретно ќе ви бидат потребни: чисто мелено јунешко месо, кромид, сол и црн пипер. Меленото месо и кромидот се пропржуваат на тивко и се зачинува по вкус. После 10 минути се продолжува со развлекување на корите.




Доброто развлекување на корите е најчесто резултат на повеќегодишно искуство. Но, и аматерите можат да го совладаат доколку ги следат сите совети. Основното правило е тоа што корите треба да се развлекуваат во просторија со идеална температура.




Значи откога ќе го замесите тестото, направете помали топчиња кои ќе ги развлечете со оклагија, и ќе ги премачкате со масло со помош на силиконска четка за да ви биде полесно. Земете ја првата намастена кора и малку развлечете ја со дланките колку што можете.




Потоа поставете ја врз чаршавот и започнете внимателно да ја тегнете кората од сите страни, внимавајќи да не ви се искине (и да се случи такво нешто, не е ништо страшно). На крај кога ќе ја истегнете кората преку целата маса, отстранете ги оние задебелени краеви што висат.




Ставете урда или прелив со мелено месо по краевите долж подолгата страна од масата (од двата краја), одозгора наросете масло, па со помош на чаршавот, подигнувајќи го свиткајте тенка ролничка од едната страна, до половина на кората. Потоа завртете се на другата страна и повторете ја постапката.




Ќе добиете две тенки ролнички кои се среќаваат на средината од масата. Пресечете ги за ги одделите, па исечете ги и краевите доколку не се правилни. Во намастена тепсија започнете ги да редите во круг, започнувајќи од средината како полжав, а потоа секоја следна надоврзувајте ја на претходната, а може да направите и неколку помали, па така да ги редите во плех.

Истата постапка продолжете ја и со останатите кори додека да ја исполните тепсијата. На крај питата исечете ја четвртини и одозгора наросете ја со масло. Питата се пече во претходно загреана рерна на 220-250 степени, околу 30-35 минути додека да фати коричка одозгора. / Coolinarka.com