Пита-пица лепче од 4 состојки: без месење, ова е највкусното крцкаво лепче што сум го пробала

Многу потсетува на пица, но го нареков „вкусно крцкаво лепче“ бидејќи се пече на 200 степени, а пицата се пече над 400 степени. Ова вкусно тесто одозгора наредено со домати е навистина многу вкусно и заменува цел оброк, а може да се послужи и како прилог.




Кога доматите се печат во рерна, водата од нив евапорира и вкусот дополнително се збогатува. Од задната страна лепчето е убаво печено со крцкава кора. За да го направите ќе ви бидат потребни само 4 состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 готово тесто-кора за пита/колачи, неколку домати, сенф, моцарела или некој друг кашкавал и уште сол, црн пипер, маслиново масло и зачински билки за наросување одозгора. За ова тесто нема одредена количина на состојките,
сè се прави толку колку што ви е потребно.





ПОСТАПКА: Земете го готовото тесто и исечете го во кружна форма, доколку веќе не е така обликувано. Можете да го правите и во правоаголна или коцкаста форма, доколку имате само такво тесто.




Со специјално сечило или со нож исечете го по страните со дебелина од 1 прст за да направите подебела коричка-обрач, како за пица. Потоа краевите премачкајте ги со малку водичка со помош на кујнска четкичка или со прст, и лентата која претходно ја исековте ставете ја одозгора и притиснете ја за подобро да се залепи.




Потоа земете сенф и едната половина од тестото премачкајте ја со него во подебел слој или на двапати. Не ја премачкувајте кората на тестото, туку само во внатрешноста. Убаво со лажичка распоредете го сенфот на едната половина.




Потоа пресечете тенки парчиња моцарела или некој друг лесно растеглив кашкавал и наредете на другата половина од тестото. Доколку користите моцарела, одозгора наросете малку сол. На крајот земете неколку домати и добро измијте ги.




Од нив извадете ја дршката и пресечете ги на тенки кругови со остар нож. Доматите наредете ги врз целото тесто во неколку слоеви додека да се пополни целата површина од тестото. Одозгора наросете ги со малку сол, црн пипер и зачински билки како рузмарин, мајчина душица…




На крајот намастете со маслиново масло и ставете го тестото на хартија за печење (ова е најдобро да го направите уште на почетокот) и потоа во тава за печење. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени од 25-30 минути додека површината да фати убава коричка одозгора. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаМЕКИ КАКО ДУША, ПУФКАСТИ КАКО ОБЛАК: Кога ќе ги пробате јапонските палачинки, ќе заборавите на сите други
Следна статијаСИТЕ ЌЕ ВИ ЗАВИДУВААТ НА ОВАА ВРТЕНА ПИТА: развлекувањето на корите никогаш не било полесно