Во текот на празниците сите ги украсуваат своите домови, улиците светат и зрачат со посебна магија, но и природата ги подготвува своите украси. Еден од најубавите природни украси за новогодишните и божиќните празници е секако Poinsettia – Црвената Божична Sвезда. На ова зимско цвеќе сите му се восхитуваат но малкумина го знаат неговото значење и симболика.




Божиќната Sвезда најчесто се одгледува во црвена боја, но ја има и во други бои како бели, розови и зеленкасти цветови. Без разлика на бојата, цветовите на Божиќната Sвезда имаат слично значење. Главно, ова цвеќе симболизира успех, добро pacположение, па дури и чистота.




Најчесто се подарува за празниците како симбол на среќа и успех, а се верува дека треба да им се подарува на лица кои слават роденден во декември. Според симболиката, Божиќната Sвезда носи добро pacположение, веселба, радост, чистота, среќа и добри желби.




Препорака е Божиќната Sвезда да ја чувате во близина на новогодишната елка и на тој начин да ја збогатите декорацијата, но и да ја засилите добрата енергија и радоста во својот дом. Освен за Нова година и Божиќ, овој цвет може да се искористи и за декорација на зимските венчавки, бидејќи црвеното секогаш асоцира на љубов.




Сте го добиле преубавото цвеќе за празниците, но се прашувате што да правите со него потоа. Како да ја сочувате билката до следната година. Ова е краток водич кој можеби ќе ви помогне доколку и вие имате Божиќна ѕвезда. …Добивте преубава саксија со божиќна ѕвезда.




Сигурно се прашувате како да ја сочувате Божиќната Sвезда до следната Нова година. Придржувајте се до овие совети и нема да згрешите. Ставете го цвеќето на место со многу светлина и продолжете да го полевате до пролетта. Ако сте доследни, билката ќе продолжи да расте и буи.




Напролет, некаде во мај, поткастрете ја 5-7 см. Пресадете ја во малку поголема саксија од досегашната. Кога ќе започне повторно да расте прихранете ја со средства растворливи во вода, на секои две недели. Секогаш следете ги упатствата од пакувањето.




Во јуни изнесете ја на отворено, но на место со полусенка. Продолжете со полевање и прихранување. Во текот на летото во јули и август поткастрете ја 7-10 см. Тоа ќе го спречи претераното ширење. Пред крај на август вратете ја внатре на сончев прозор. Продолжете го полевањето и прихранувањето.




Во текот на септември, грижете за неа исто како и за останатите билки. Октомври е најважниот месец за Божиќната Sвезда. За да постигнете цветање за време на празниците, мора да ја оставите во целосна темнина од 17 до 8 часот наутро.




Се препорачува да се чува во кутија, во подрум или во плакар сè до крајот на ноември. Тогаш би требало да ги забележите првите пyпки. Преместете ја на сончев прозор во текот на денот и продолжете со полевањето и прихраната.