Фото и рецепт: Кристина Гашпар – Сируп за смирување на кашлицата.

Бидејќи ништо не делуваше, се решив да го пробам овој рецепт. Станува збор за старински рецепт. На интернет ќе најдете повеќе рецепти, помалку или повеќе сите се слични, а главните состојки се овие наведените подолу:

Потребни состојки:

1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја вода, 10-тина ловорови листови и 2 лажици жалфија (сува билка)

Постапка:

Шеќерот ставете го на оган и загревајте на тивко додека да почне да растопува. Пржете го додека да добие карамел боја, но внимавајте да не ви загори.

Додадете шолја вода. Поклопете и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додадете ловоров лист и жалфија. Варете 10-тина минути.

Сирупот оставете го поклопен во садот во кој се вареше се додека да излади. Потоа процедете го и складирајте го во шишенце или тегличка.

Употреба: Трипати дневно по една лажица (за деца по една лажичка), половина час пред јадење.

Сирупот може да се приготви и без жалфија, на 10 лажици вода се ставаат 5 лажици шеќер и 5 ловорови листови, се вари неколку минути, па се остава да излади.

Фото и рецепт: Кристина Гашпар