Овој колач потсетува на чизкејк но има уште поубав вкус. Се подготвува со сирење и маскарпоне и е многу вкусно. Во средина може да додадете и некое овошје, сезонско како мандарини или вишни. Направете си го бидејќи е навистина превкусен.




Без редење на кори и филување, само го замесувате тестото и ставате на печење, потоа вадите и на средина го додавате кремот со сирење и повторно враќате на печење. Подготовката малку потсетува на класичната јаболкова пита.




Потребни состојки за тесто: 300 г брашно, 200 г мек путер, 100 г шеќер, 1 јајце, половина лажица рендана кора од лимон, прстофат сол, 1 ванилин шеќер. За кремот: 250 г свежо сирење, 250 г маскарпоне, 100 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 50 г пудинг од ванила во прав, 3 јајца, 200 мл слатка павлака.




Постапка: Загрејте ја рерната на 180 степени. За тестото добро измешајте ги сите состојки со миксер. Путерот потребно е да биде омекнат на собна температура, па додајте го шеќерот и ванилата, па пенасто изматете го.

Потоа додајте го јајцето и матете додека да се инкорпорира. На крај додајте го брашното со прстофат прашок за печиво. Соединете ја смесата и по желба, во тестото додајте малку ситно рендана кора од лимон.




Земете кружен калап за торта (со пречник 26 или 28 см) и намачкајте го дното со малку путер и наросете со брашно да не се залепи колачот при печењето. Со подготвеното тесто обложете го дното на калапот и со прстите подигнете го 2-3 см странично, за да добиете вдлабнување во кое ќе го сместите вкусниот крем.




Тестото убаво стиснете го со прстите по работ, за да не се спушта при печењето. Ставете да се пече во загреаната рерна приближно 10 минути на 180 степени. Во меѓувреме измешајте ги сите останати состојки за кремот, па штом ја извадете печената кора, излејте го кремот, вратете во рерна и продолжете со печење уште еден час на 145 минути.




ЗА КРЕМОТ: Во еден подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, и смесата да осветли и згусне. Соединете ги двата вида сирење (може и само маскарпоне 500 г), додајте го прашокот за пудинг, слатката павлака, па откако ќе добиете фина кремаста смеса, започнете полека да ги додавате изматените јајца со шеќерот и ванилата, па мешајте со шпатула или миксер на најслаба брзина додека да се соединат сите состојки.




За ова приближно ќе ви бидат потребни 10 минути време, додека да се испече кората. Добиената смеса излејте ја во печената кора и вратете во рерна, па оставете да се пече уште еден час на 145 степени. Кога колачот е готов, оставете го во рерната со подотворена вратничка убаво да се излади, па наросете го со шеќер во прав. По желба при печењето во смесата со сирење може да ставите и неколку мандарини кои претходно сте ги излупиле и сте ги извадиле семките.




II РЕЦЕПТИ. ЧОКО МАСКАРПОНЕ КОЦКИ вкус кој ќе ве однесе на седмо небо. Потребни состојки за кора: од овие состојки се печат две кори во плех 35х24 см, 125 г путер, 100 г шеќер, 2 јајца, 150 г брашно, ½ прашок за печиво, 2 лажици какао, 200 мл јогурт на собна температура.

За фил: 500 г маскарпоне сирење, 2-3 лажици шеќер во прав, ½ лимонов сок, 1 лажичка екстракт од ванила, 170 г темно чоколадо, 200 мл слатка павлака за шлаг. За глазура: 200 г млечно чоколадо, 20 г чоколадо за готвењем 200 мл шлаг.




Постапка: Омекнатиот путер изматете го со шеќер. Потоа додајте јајца и изматете со миксер, па потоа и останатите суви состојки, а на крај јогуртот на собна температура. Сето убаво да се соедини.

Смесата поделете ја на два делови и печете посебно две кори во плех со димензија 35х24 см обложен со хартија за печење. Кората е многу тенка – печете на 180 степени околу 15-тина минути.




Загрејте ја слатката павлака на умерена тепература заедно со чоколадото и мешајте додека да се растопи. Оставете да излади. Сирењето, шеќер, ванила и сок од половина лимон изматете со миксер, а потоа додајте во изладената смеса од чоколадо и слатка павлака и сето добро изматете го.

Редење: кора – ½ фил – кора ½ фил. Преку колачот прелијте по желба глазура. Ставете во фрижидер убаво да излади па сечете на коцки 3,5х3,5./ Соolinarika.com