Кога сакате да направите класична чоколадна торта со ореви, запишете си го овој рецепт бидејќи ќе ве потсети на старите добри денови кога со брзина на светлината се јадеше оваа торта на големите празници.

Потребни состојки за кора: 10 јајца, 150 г шеќер во прав, 200 г мелени ореви, 1 лажица брашно, 100 г рендано чоколадо, 1 лажичка инстант или обично кафе (неварено). За фил: 1/2 шолја вода (100 мл), 150 г шеќер, 100 г чоколадо, 170 г путер/маргарин, 70 г шеќер во прав, 1 јајце. За декорација: 100 г крупно рендано чоколадо.

Постапка: Бисквитот подгответе го на следниов начин: Одделете ги белките од жолчките. Во садот каде што сте ги ставиле жолчките додајте го шеќерот во прав и изматете пенасто со миксер.

Додајте ги оревите кои претходно сте ги сомелеле, брашното, ренданото чоколадо и една лажичка инстант кафе (може и Нескафе). Измешајте ги состојките со лажица со нежно мешање. Белките изматете ги добро, пенесто и додајте ги во претходната смеса од жолчки која веќе сте ја соединиле.

Соединете ги овие две смеси, па префрлете во кружен калап (со пречник 26 см) и печете околу 45 минути на 150°C во претходно загреана рерна. По печењето, кората се остава целосно да се излади, па со конец или внимателно со нож пресечете ја кората напречно на два еднакви делови за да добиете две кори.

Подготовка на филот: Во тенџере ставете ја водата да зоврие со шеќерот и чоколадото околу 1 минута – додека да се запени. Промешајте и оставете да се излади настрана. Посебно изматете го путерот со миксер, додајте го шеќерот во прав, па додајте го изматеното јајце.

Добиената смеса соединете ја со претходната и лесно измешајте со лажица. Редење и декорирање: Кога филот и кората ќе се изладат, на долната кора намачкајте со подебел слој од филот, потоа ставете уште една кора и со преостанатиот фил премачкајте ја тортата одозгора и од страните. Декорирајте со крупно рендано чоколадо. /Сoolinarika.com

II РЕЦЕПТ. Кекс торта со ореви – многу мека, кремаста и лесна: Се прави многу брзо и едноставно од само неколку состојки. Рецепт на Неодоливи вкусови – Брза кекс торта со ореви. Оваа брза кекс торта со ореви е целата кремаста, лесна и вкусна. Едноставно се приготвува само од неколку состојки.

Потребни состојки: 250 мл зовриена вода, 300 г мелени ореви, 250 г несолен путер, омекнат на собна температура, 220 г шеќер во прав, 250 мл млеко, 2-3 лажици рум (наместо рум може и сок од портокал или 1 лажица екстракт од рум), 580 г петит кекси, ореви за наросување, половина мелени, половина сечкани.

Постапка: Оревите попарете ги со 250 мл зовриена вода, мешајте една минута додека да се соедини смесата, па тргнете го садот од оган и оставете го настрана целосно да излади. Во меѓувреме пенасто изматете го путерот. Додајте шеќер во прав и продолжете со матење додека да стане кремаст.

Во изматениот путер додајте ги целосно изладените ореви и убаво соединете. Филот поделете го на четири еднакви делови. Бисквитите натопувајте ги во млеко со рум (или со сок од портокал) и редете ги во правоаголен калап, во 4 реда по 5 бисквити (20 бисквити во еден ред).

Преку секој ред нанесете ¼ фил. Најгоре и странично наросете мелени и сечкани ореви. Пред сечење и послужување тортата треба да отстои во фрижидер, најдобро преку ноќ. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.