Црвените малини се бобесто овошје, за многумина е омилено, не само поради нивниот привлечен мирис, туку и поради свежината на киселко-слаткастиот вкус. Потекнува од Европа и северна Азија, но може да се одгледува на подрачја со умерена клима ширум целиот свет.




За жал, овие слатки, вкусни и многу здрави бобинки имаат краток рок на траење и се берат само во текот на летните и есенските месеци. Од тие причини, најдобро е малините да се јадат веднаш по берењето или купувањето. За што сè се корисни и што може да лекуваат малините, прочитајте во продолжение на текстот:




СИЛНИ АНТИОКСИДАНТИ КОИ ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД БОЛЕСТИ. Антиоксиданти се растителни соединенија кои им помагаат на нашите клетки во опоравувањето од оксидативниот ст-рес, кој пак е поврзан со зголемен ризик од појава на рак, дијабетес, болести на срцето и др. Малината содржи витамин Ц, кверцетин и елагична киселина.




ВИСОКА СОДРЖИНА НА ВЛАКНА – КОНТРОЛА НА НИВОТО НА ШЕЌЕРОТ. Малините содржат малку јагленихидрати и многу влакна, што ги прави паметен избор за секој кој држи до своето здравје.




Малините нема да го покачат нивото на шеќер во кр-вта, напротив, може да помогнат во негово намалување и подобрување на резистенцијата на инсулин. Доволно е да се јаде по една рака малини дневно.




ЈА ПОДОБРУВА СОСТОЈБАТА СО АРТРИТИСОТ И ГО НАМАЛУВА СТАРЕЕЊЕТО. Малината поседува противвоспалителни својства кои можат да ги намалат симптомите на артритис. Исто така, антиоксидантите кои ги содржи може да помогнат во намалување на знаците на стареење.




ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ПОЈАВА НА РАК. Повторно за ова нивно својство се одговорни силните антиоксиданти кои ги содржат. Екстрактите од бобинки, вклучително и од малината, можат да го успорат или блокираат растот на клетките на ракот од дебелото црево, простатата, дој-ката и устата.




ЗА ЗДРАВЈЕ НА ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ: Овие црвени бобинки ја зајакнуваат слузокожата на орга-ните за варење и спречуваат воспаленија како што е ангина, ларингитис, фарингитис, гастритис, чир на желудник и 12 палечно црево, колитис и др.




ДИУРЕТИЧНО СВОЈСТВО, ОДЛИЧНИ ЗА БУБРЕЗИТЕ: Малините имаат изразено диуретично својство па затоа се препорачуваат во лекување на болести на бубрезите и уринарните патишта, ревматични заболувања за исфрлање на урична киселина, артритис и други болести кои се проследени со отоци.




МАЛИНИ ВО МЕД ЗА СИЛЕН ИМУНИТЕТ: Измешајте еднаква количина свежи малини и исто толкава количина мед. Промешајте и чувајте во фрижидер. Секое утро јадете по една полна супена лажица од оваа мешавина.




ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД МАЛИНА ЗА ЖЕНИ: Наберете 5-8 листови малина, најдобро во пролет, исушете ги на проветно место. Еден литар вода зовријте, па попарете ги сувите листови и поклопете. По 20 минути процедете и засладете со мед, по желба. Помага при дијареа, цревни воспаленија, б олна мен-струација и прочистување на кр-вта.