Фото и рецепт: Милијана Бесевиќ

Потребни состојки: 600 г брашно, 100 г шеќер, 100 г маргарин или маст/путер, 300 мл млеко, 2 жолчки, 1 сув квасец (7 г), 1 прстофат сол и 1 лимон – рендана кора. За фил: 500 г мелен мак или ореви или рогач, 150-200 мл млеко по потреба,150 г шеќер во прав, 2 ванилин шеќер и 1 лимон – рендана кора

Постапка: Брашното просејте го. Квасецот ставете го со малку шеќер во шолја со топло млеко, промешајте и оставете да се активира и запени. Шеќерот, путерот, жолчките и лимоновата кора измешајте ги со брашното, па додадете го активираниот квасец, па замесете со топлото млеко.

Кога добро ќе биде замесено, тестото поделете го на 4 топки или на 2 поголеми. Од секоја топка развлечете кора со оклагија, во правоаголен облик, колку можете потенко, зошто колку повеќе слоеви има, толку ќе биде поубава. Филувајте со мак или по ваш избор.

За фил: Само потурете го макот со врелото млеко. Додавајте малку по малку млеко, бидејќи ако го додадете одеднаш, може да добиете разреден фил. Ако смесата ви е сува, додадете уште малку млеко. Штрудлите наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставете ги преку ноќ на ладно место, но не во фрижидер.

Следното утро би требало речиси двојно да ја зголемат величината. Премачкајте ги со јајце, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна 10-тина минути на 220 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште околу половина час.

Фото и рецепт: Милијана Бесевиќ