Штом ме загребе грлото веднаш земам мед со куркума-нема подобар лек за грло од ова!

Ова ми е веќе испробано, неколку зими наназад го користам. Може да се користи во било кој дел од годината, штом ме заболи грлото не чекам да ми се развие бактериска инфекција.

Си правам од оваа, златната смеса, си ставам во мала тегличка и си ја носам на работа или каде и да одам.

Потребни состојки:

450 г мед

3 лажички куркума

Постапка:

Само ги мешате добро двете состојки со дрвена лажица.

Употреба: се јаде најмалку трипати по една лажичка, но во акутна состојба јадете почесто. Топете го медот во уста за да делува локално на грлото. Пробајте, нема да се покаете!

Мешавината од мед и куркума е позната и како златна мешавина, не само поради големите здравствени придобивки за организмот, туку и поради изгледот, односно, бојата која се добива кога ќе се помешаат двете состојки. Особено “златна” боја се добива кога се користи светол мед.

Куркумата и медот имаат силни противвоспалителни и антиканцерогени својства, па помагаат за уништување на многу видови бактерии кои се предизвикувачи на болести, а притоа ја зголемуваат и природната отпорност на организмот. Затоа е добро да се консумираат заедно при настинки или грип.

Златната мешавина особено им се препорачува на пушачите.

Куркумата содржи куркумин (природна активна состојка) која делува врз повеќе од 150 различни болести.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на: Snezana Volceva Srbinoska: “ za da se vrze kurkumata treba da se stavi i ladno cedeno maslinovo maslo… i plus biber melen vo medot za da se zgolemi dejstvoto na kurkumata,,,bez maslo nisto,,,”

Коментар на Jadranka Zaovska: “Edna moja prijatelka go zemase ovoj lek so biber, I dobi krvarenje I hemoroidi……”

Коментар на Ruzica Nasevska: “I jas go koristam istiot lek I e mnogu efikasen za bolno grlo”

Претходна статијаТорта со мерки на лажица настаната со комбинација на најубавите торти што постојат
Следна статијаНе смеете да го пропуштите: специјалитет од турската кујна