Home Супи и чорби Што треба да додадете во супата од коски за да извлечете повеќе...

Што треба да додадете во супата од коски за да извлечете повеќе колаген

Тајната состојка што нашите баби секогаш ја користеле – без да зборуваат за „колаген“

Нашите баби можеби не зборувале за колаген, аминокиселини и минерали, но точно знаеле што му треба на телото. Кога некој бил уморен, настинат или „без сила“, на шпоретот тивко крчкала супа од коски. Не како тренд, туку како навика.

Во едно обично тенџере, со малку состојки и многу трпение, се подготвувал оброк кој денес нутриционистите го нарекуваат природен еликсир.

Современата наука само го потврдува она што народното искуство одамна го знаело: добро зготвената супа од коски е вистинска хранлива база за телото.

Супата не лечи сама, но му дава на телото сѐ што му треба за да се обнови“, велеле старите.

Темелот на добрата супа од коски

Квалитетот започнува со правилен избор. За богата и хранлива супа, најдобро е да се користат коски со срцевина и зглобови – говедски, телешки или свински, по можност поголеми парчиња.

Срцевината дава длабочина на вкусот, додека зглобовите при долго и бавно варење ослободуваат природен колаген. Кога супата по ладењето благо ќе се стегне, тоа е најдобриот знак дека сте ја подготвиле правилно.

Тајниот трик за повеќе колаген (што бабите го знаеле)

За да се извлечат колагенот и минералите од коските, потребна е блага киселина. Тука се крие „тајната“ што со генерации се пренесувала од кујна во кујна.

Најчесто корителе:
јаболков оцет – само една лажица, додадена во ладна вода пред варење

Оцетот речиси и да не се чувствува во вкусот, но значително помага хранливите материи да преминат од коските во супата. Како природна алтернатива, може да се користи и сок од лимон, со сличен ефект.

🔎 Важно: киселината секогаш се додава додека коските се во ладна вода, пред да почне загревањето.

Зошто бавното варење е клучно

Супата од коски не трпи брзање. Се вари тивко, на многу ниска температура, најмалку 3 часа, а идеално и подолго. Во текот на варењето, потребно е повремено да се отстранува пената од површината за супата да остане бистра.

Со време, таа добива златна боја, полн мирис и длабок, природен вкус – без потреба од вештачки засилувачи.

Зеленчукот како балансирачки елемент

Откако коските ќе го ослободат својот вкус, се додава крупно сечкан зеленчук:
морков, кромид, целер и пашканат.

Зеленчукот не треба да се распаѓа – неговата улога е постепено да ја збогати аромата.

Од зачини се доволни сол и црн пипер, а по желба и лист ловор или малку сува зеленчукова мешавина. Може да се додајат и неколку чешниња лук, а на самиот крај – неколку капки лимон за свежина.

Зошто супата од коски се смета за природен еликсир

Кога ќе се излади и благо ќе се желира, добивате јасен доказ дека супата е богата со природен колаген. Редовната умерена консумација може да придонесе за:

• подобра поддршка на зглобовите
• еластичност на кожата
• полесно варење
• подолготрајно чувство на ситост и енергија

Се пие сама, се користи како основа за други супи и чорби или како природен булјон за сосови – секогаш додава длабочина и домашен квалитет.

За 21 ден ослабев 8 кг – Секој ден јадев супа од коски, но според овој принцип

🍲 РЕЦЕПТ: Традиционална супа од коски со природно извлечен колаген

Стар рецепт, современо знаење – вкус што му годи на телото

Овој рецепт е пример како со малку состојки и правилна техника се добива хранлив оброк што денес е ценет и во модерната исхрана.

Потребни состојки

• 1,5 кг коски со срцевина и зглобови
• 2 л вода
• 1 лажица јаболков оцет
• 2 моркови
• 1 главица кромид
• 1 парче целер
• 1 пашканат
• сол по вкус
• црн пипер по вкус
• 2–3 чешниња лук (по желба)
• 1 лист ловор (по желба)

Постапка

1. Во поголемо тенџере ставете ги коските и сипете ладна вода.

2. Додајте јаболков оцет и оставете 20–30 минути пред загревање.

3. Загрејте на тивок оган додека да почне лесно да врие.
4. Отстранувајте ја пената што се создава на површината.

5. Варете на многу тивка температура најмалку 3 часа.
6. Додајте го крупно сечканиот зеленчук и зачините.

7. Продолжете со варење уште 30–40 минути.
8. Процедете или послужете ја супата топла, по желба со зеленчукот.

Супа од коски: 3 дневен детокс за сите што имаат болни колена и проблем со коски и зглобови