Супа од коски: 3 дневен детокс за сите што имаат болни колена и проблем со коски и зглобови

Со супата од коски можете да ја добиете најдобрата доза колаген која можете да ја внесете во телото.

Пробајте го едноставниот детокс со супа од коски кој трае само три дена. Пред да започнете со било каков детокс, пожелно е да се посоветувате со вашиот лекар и да направите преглед на вашата здравствена состојба.

Овој детокс подразбира присуство на голема количина течности, вклучително вода, па лицата со болни бубрези мора претходно да се консултираат со лекар.

ТРИДНЕВЕН ДЕТОКС СО СУПА ОД КОСКИ:

За три дена потребни ви се од 1 до 4 литри супа од коски дневно.

Loading...

1.ДЕН: 5 до 6 шолји супа од коски + 2 литри вода во текот на денот.

2.ДЕН: 5 до 6 шолји супа од коски + 2 литри вода во текот на денот.

3.ДЕН: 5 до 6 шолји супа од коски + 2 литри вода во текот на денот.

Од 4. до 7.ден само здрава храна + пробиотички производи (туршија, кефир) плус 4 литри супа од коски. Сметајте дека треба да пиете по 2,5 литри вода дневно.

Седмиот ден е официјално последниот ден од детоксот. Најверојатно ќе се чувствувате одлично, па затоа можете да продолжите со консумација на супата од коски.

Од 8.ден па натаму: одржувајте го здравјето на органите за варење/коса/кожа/нокти – така што ќе продолжите со здравата исхрана. Јадете секој ден по 2-3 шолји супа од коски, но и не заборавајте да пиете доволно вода и чаеви без шеќер.

На жените кои се постари од 40 години им се советува секојдневно да пијат супа од коски за да го сочуваат нивото на колаген за обновување на здраво ткиво.

Еве кои се здравствените предности од консумирање на супа од коски:

-го успорува процесот на стареење

-го лекува дигестивниот систем

-ги стопира воспаленијата во целото тело

-го подобрува здравјето во целото тело

-кожата станува поеластична, косата погуста, ноктите поцврсти…

КАКО СЕ ВАРИ СУПА ОД КОСКИ?

Се користат шупливи, бутни говедски или пилешки коски. Коските се готват што подолго (кој има шпорет на дрва, најдобро е коските да ги стави во големо тенџере, да ги прелие со вода и да ги вари 24 часа).

Пред крај од варењето во супата додадете моркови, целер, пашканат, магдонос и зачини.

Кога ќе ја сварите супата, три дена јадете ја само неа и пијте доста вода.

Оваа супа им се препорачува на сите луѓе кои имаат болки во колената и зглобовите, бидејќи претставува природен лек.

Loading...