Што ќе се случи со телесната тежина ако пијалаците ги замениме со вода?

На сите ни е познато штетното дејство што го предизвикуваат пијалаците кои повеќето од нас ги консумираат секој ден. Што се случува ако целосно ги замениме овие пијалаци со вода? Крис Бејли, познат блогер и предавач, одговара на ова прашање.

Телесна тежина: Ако пиеме вода само 10 дена брзо ќе изгубиме од тежината, бидејќи ќе стопиме толку многу калории како да трчаме 8 км секој ден.

Забрзување на метаболизмот и протокот на енергија: Само една чаша вода наутро го забрзува метаболизмот за 24 %. Што ќе се случи со нашето тело ако пиеме вода цел ден!

Мозокот работи подобро: Околу 75 до 85 % од човечкиот мозок е составен од вода. Со пиење вода секој ден, не само што што му даваме гориво на мозокот, туку и ја подобруваме концентрацијата.

Јадете помалку: Водата го потиснува апетитот, помагајќи ни да одржуваме добра форма и да се бориме со екстра килограмите. Ги чистиме токсините: Водата “го чисти“ дигестивниот систем, кој ни помага да се ослободиме од големиот број отрови што се акумулирани во телото.

Се бори со разни болести: Водата го регулира крвниот притисок, се грижи за добра состојба на мочниот меур, го спречува ракот на дебелото црево.

Срцето работи подобро: Четири чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за дури 41 %. Кожата е помлада: Водата ја хидрира кожата одвнатре, што ја прави почиста, мека, помлада…

Ние штедиме пари: Водата понекогаш е поевтина од секој друг пијалак што го консумираме секој ден.

Loading...